Во понеделник 20 јуни 2018 година група свештеници од Украинската источно католичка епархија „Свети Владимир Велики“ со седиште во Париз, предводени од Генералниот викар, Романук Михаило и о. Адам Фигурек, а во организација на о. д-р Зоран И. Стојанов ја посетија Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица и заедно со свештениците од епархијата „Успение на Пресвета Богордица Струмица- Скопје“ измолија Молебен до Пресвета Богородица.
По завршувањето на молебенот се упатија за Радово, каде во парохиската сала свештениците од двете епархии во срдечна и пријателска атмосфера се задржаа во заедништво, разменувајќи ги своите искуства.
Групата свештеници од епархијата „Свети Владимир Велики“ – Париз ходочасти во Македонија во чест на света Мајка Тереза. За време на нивниот престој во Македонија ќе посетат бројни културно историски знаменитости, од кои повќето во Скопје и Охрид.
к.мк