Папата Фрањо испрати видео порака до младите кои се подготвуваат за Светскиот ден на млади во 2023 година што ќе се одржи во Лисабон, Португалија. Тој ги охрабри да ја искористат својата креативност за да обезбедат свежо, живо искуство што ја зајакнува верата.
Во пораката на шпански, Папата им се обрати на младите вклучени во подготовките за Светската средба на млади во 2023 година, која ќе се одржи од 1 до 6 август 2023 година во Лисабон, Португалија.
Во видеото, Папата се осврнува за тешкиот контекст во кој живееме. Се движиме од криза во криза, истакна тој. Прво имаше пандемија, потоа економска криза, а сега има нова воена криза – што е едно од најголемите зла што може да се случи, нагласува Светиот Отец.
И покрај овие големи предизвици, Светиот Отец ги охрабри волонтерите да ја искористат својата креативна сила и да се погрижат Светската средба да биде младенско, радосно, живо, моќно и креативно искуство.
Ги повика да бидат креативни како поет кој ќе сонува за ново искуство, кое ќе се памети, а не само за повторување на претходните Светски средби на. Секој може да придонесе, секој мора да создава, „Бидете храбри и само напред! – рече Папата.
Кризите се надминуваат заедно, ни даваат можност да излеземе подобри од нив, истакнува Папата, потсетувајќи ги уште еднаш да ја ослободат својата креативна ревност во подготовките за Светската средба на млади во 2023 година.
Папата ги вети своите молитви за сите кои ќе учествуваат на средбата во било каква форма, а од младите побара да се молат и за него. Пораката ја заврши со поздрав – „до август!
Ватикан њуз/к.мк