Папата Фрањо преку видео порака се осврна на посебниот облик на тој настан кој ќе се одржи во Рим од 22 до 26 јуни 2022 година откако заради пандемијата е одложен за година дена. Секоја бискупија, истакна Папата може да биде центар на тој локален настан.
Десетата светска средба на семејства ќе се одржи во посебен облик. Имено ќе поприма мултицентрична и раширена димензија. Рим ќе биде главен цантар, но во тие исти денови од 22 до 26 јуни 2022 година секоја бискупија ќе може да организира локална средба за своите семејства и заедници. Секое семејство на светот ќе може да биде протагонист. Сите ќе може да учествуваат, дури и оние кои нема да можат да дојдат во Рим – истакна папата Фрањо во видео порака во која го објаснува новиот формат на тој настан.
Ги повикувам затоа сите бискупски заедници таму каде што тоа е можно да планираат иницијативи поаѓајќи од темата на средбата и користејќи ги симболите кои ги подготвува Римската бискупија. Ве молам да бидете живи, активни и креативни за да се организирате со семејствата во согласност со она што се случува во Рим. Станува збор за скапоцена прилика во која можеме да се посветиме на пасторалот со семејства: сите заедници, брачни парови, семејства и пастири. Па, само храбро драги пастири и драги семејства, помогнете едни на други во оргнизација на средбите во бискупиите и парохиите на сите континенти. Среќен пат кон следната Светска средба на семејства – рече папата Фрањо.
Темата на следната Светска средба на семејствата е поврзана со семејната љубов како повик и пат кон светоста. Настанот го организираат Дикастеријата за лаици, семејство и живот и Римската бискупија, а ќе се одржи на шестата годишнина од Апостолскиот поттик Amoris Laetitia и на четвртата на апостолскиот поттик Gaudete et Exsultate. Целта на настаните е читање на документот Amoris Laetitia во светло на повикот на светост од документот Gaudete et exsultate, поаѓајќи од свеста дека брачната и семејната љубов го открива скапоцениот дар на заеднички живот.
Господовото присуство – стои во апостолскиот постсинодален поттик Amoris Laetitia – престојува во реалното и конкретно семејство, со сите негови страдања, борби, радости и секојдневни накани. Во таа разноликост на даровите и средбите преку кои созрева заедништвото, Бог има свој дом. Тоа посветување ги соединува човечките и божествените вредности затоа што тоа е полно со Божјата љубов. На крајот брачната духовност е духовност на врска во која е вселена божествената љубов. Има многу свети брачни парови во кои секој од сопружниците е средство за посветување на другиот – стои пак во апостолскиот поттик Gaudete et exsultate.
Историјата на светските средни на семејства започна во 1994 година кога Обединетите нации ја прогласија за Меѓународна година на семејствата. На поттик на папата Иван Павле II истовремено се славеше и Година на семејството. Првата Светска средба на семејства е одржана во Рим на 8 и 9 октомври 1994 година. Од тогаш обично на секои три години и на различни места во светот се одржуваат такви настани во кои воведува Меѓународниот теолошко-пасторален конгрес, а завршуваат со завршно Евхаристиско славење.
Ватикан њуз/к.мк