Во рамките на IX. Светска средба на семејствата која овие денови се одржува во Ирска, во средата 22 август започна пасторалниот конгрес кој заврши на 24 август.
Меѓу говорниците првиот ден на пасотралниот конгрес треба да зборува кардинал Петер Турксон, префект на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој, потоа отец Михаел Чзернија потсекретар на Канцеларијата за мигранти и бегалци при спомнатата ватиканска дикастерија и кардиналот Кристоф Шонборн виенски надбискуп, а светата Литургија ја служеше кардинал Освалд Грацијас надбискуп на Бомбај кој во пригодната проповед истакна дека Црквата соочена со нападите на семејството треба да настојува да го наследува Светото семејство кое свети во темнината.
Кардиналот Шонборн ја отвори првата главна седница за тој ден насловена „Во светлината на Словото: славењето на семејниот живот во еврејско-христијанската традиција“, истакнувајќи дека бракот е највисокиот облик на пријателство. Кардиналот Турксон таа вечер зборуваше на тема „Повикот на бизнис лидерите: перспективата на семејниот бизнис,“ и во тој контекст објасни дека работата треба да се разбере како повик до човекот да биде Божји соработник, правејќи создаденото да служи за доброто на сите луѓе, без исклучок.
Отец Михаел Чзернија во својот говор се фокусираше на христијанскиот одговор на бегалците и мигрантите. Потсети дека Исус во параболата за последниот суд се поистоветува со оние кои се присилени да бегаат: Странец бев и ме примивте (Матеј 25, 35) напоменувајќи дека сме повикани да ги примаме бегалците и мигрантите. Нека нашата Црква научи се повеќе и повеќе да ги придружува луѓето во движење за да стане Црква која е се поспособна да ги придружува сите семејства кои поминуваат низ процесот на ненадејни промени – рече меѓуостанатото отец Чзернија.
Вториот ден, 23 август американскиот кардинал Јозеф Тобин надбискуп на Њуарк ја предводеше панел дискусијата „Кога чинии летат: Папата Фрањо за реалноста на љубовта во семејниот живот.“ Монс. Еамон Мартин надбускуп на Армаг и примас на цела Ирска ја предводеше дискусијата на тема „Љубовта која станува плодна: Amoris laetitia за негувањето на дарот на животот.“
Кардиналот од Хондурас Оскар Андрес Родригез Марадијага, надбискуп на Тегусигалпа водеше расправа на тема „Папата Фрањо за револуцијата на нежноста.“ Надбискупот на Чикаго кардиналот Блас Јозеф Чупич ја предводеше дискусијата за „Достоинството и убавината на сексуалната љубов: Пронаоѓање на нов јазик за старата вистина.“ На крајот, кардиналот од Мјанмар Чарлес Маунг Бо водеше расправа на тема „Грижата за нашиот заеднички дом: Зошто семејството е важно за иднината на нашата планета.“
Додаваме на крајот дека литургиското славење на 23 август го предовдеше бразилскиот кардинал Жуан Браз де Авиз префект на Конгрегацијата за институциите за посветениот живот и дружбите на апостолскиот живот кој во пригодната проповед зборуваше за важноста на силните и цврсти бракови за цврсти општества и истакна дека семејството е првиот чекор да го подучиме светот за Божјата љубов. Имено, семејството може да се сочува, да се шири и раѓа Божјата љубов во светлина единствено започнувајќи од љубовта. Без љубовта не можеме да живееме како деца Божји, како парови, родители и браќа – истакна кардиналот.
Ватикан њуз/к.мк