Светиот Престол ја осудува употребата на автоматизираните роботи во конфликтите

Светиот Престол ја осудува употребата на автоматизираните роботи во конфликтите

Било која технологија за да биде прифатлива треба да биде споива со исправното сфаќање за човечкото битие, и доследна на тој главен темел на законот и етиката – истакна надбискупот Иван Јурковиќ, постојан набљудувач на Светиот Престол при канцеларијата на Обединетите нации во Женева.

Користењето на автоматизирано оружје, т.н. „роботи убијци“ – кои за разлика од дронот, човек не може да ги управува, туку делуваат врз основа на однапред одредени алгоритми – војната ќе ја направат уште понехумана, затоа што било која технологија за да биде прифатлива треба да биде споива со исправното сфаќање за човечкото битие, и доследна на тој главен темел на законот и етиката – истакна надбискупот Иван Јурковиќ, постојан набљудувач на Светиот Престол при канцеларијата на Обединетите нации во Женева, зборувајќи за состанокот на групите од државни стручњаци за смртоносните автономни системи на оружјето (LAWS – Lethal Autonomous Weapons Systems).

Машините немоќни пред моралните дилеми

Секоја вооружена интервенција треба внимателно да се процени и секој пат треба да се провери нејзината оправданост, законитост и соодветноста за намената, која исто така треба да биде етички и легално оправдана – рече надбискупот Јурковиќ, истакнувајќи дека тие задачи стануваат сѐ повеќе слоевити и нејасни за да бидат доверени на машините кои се неделотворни во моралните дилеми.

Недостаток на доверба во човекот

За да се постигне правен одговор и етички темел за таа тема, делегацијата на Светиот Престол бараше расправата да се фокусира на начелото на „антрополошка непротивречност“, кога се зборува за роботизација и дехуманизација на војната. Автоматизираното оружје не може да биде морално одговорен субјект и не е способно за донесување на етички одлуки кои се посложени од оние кои во него се програмирани, погодувајќи на пример цивилни цели за да се постигнат воени успеси.

Надбискупот Јурковиќ посебно истакна дека замислата на машините да им се довери војната подразбира недостаток на доверба во човечкото битие, и повторно напомена дека меѓународната безбедност и мирот се постигнуваат преку културата на дијалогот и соработката, а не преку трката и вооружувањето.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот