Папата Фрањо заедно со други верски водачи на 25 октомври 2022 година ќе учествува на последниот ден од дводневната меѓународна средба за мир под мотото „Плачете за мир: религиите и културите во дијалог“.
Учеството на Светиот Отец на претстојниот настан го потврди и директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.
Претседателот на Заедницата Свети Егидиј, Марко Импаљацио, на претставувањето на меѓународниот настан го потврди учеството на Цариградскиот вселенски патријарх, митрополитот Халкидонски Еманул (Адамакис), а додаде дека се испратени покани и до врвот на Украинската и Руската православна црква.
Ова е 36. меѓународна средба во организација на Заедницата Свети Егидиј, која ќе се одржи од 23 до 25 октомври. На отворањето ќе учествува и претседателот на Италијанската бискупска конференција, кардинал Матео Зупи, заедно со шефовите на државите на Италија, Франција и Република Нигер.
Во Римскиот Колосеум на 25 октомври папата Фрањо ќе ја предводи молитвата на христијаните со почеток во 16.30 часот. Во 17.00 часот ќе има заеднички момент на молитва и размислување на папата Фрањо и другите верски лидери, а потоа ќе упатат апел за глобален мир.
Ватикан њуз/к.мк