Светиот Отец служеше Литургија за жртвите од крвопровелањата во Париз
Папата во домот Света Марта претпладнето на 8 јануари, служеше Света Литургија за жртвите на терористичкиот напад во Париз. Вчера, пак, го осуди „ужасниот атентат“ и повика на избегнување на ширењето на насилствата, а денес преку твитер повика на молитва за Париз.
Првите зборови на Папата, на почетокот на Литургијата, се однесуваа на нападот врз уредништвото на сатиричниот неделник „Чарли Хебдо“, кое се наоѓа во центарот на Париз. Вчерашниот атентат поттикнува на размислување за страшната човечка суровост; за тероризмот, приватен и државен, за суровоста што може да ја направи човекот. Во оваа Литургија молиме за жртвите на таа голема суровост, а се молиме и за оние кои се сурови, за Господ да им го промени срцето, поттикна Папата.
Папата уште вчера одлучно го осуди „ужасниот атентат, кој посеа смрт, а француското општество го фрли во очај, длабоко вознемирувајќи ги љубителите на мирот, истотака и надвор од француските граници. Папата Фрањо во молитвата соучествува со страдањето на ранетите и семејствата на загинатите, а сите ги поттикнува, со сите средства, да се спротивстават на ширењето на секаков вид насилство, физичко или морално, кое го уништува човечкиот живот, го крши човечкото достоинство, сериозно ги нарушува темелите на мирољубивиот соживот меѓу луѓето и народите, без разлика на националноста, верата и културата.
Но кои и да се причините, убиственото насилство е гнасно, не може да се оправда, животот и достоинството треба да се гарантираат и одлучно да се штитат, секој поттик на омраза треба да се отфрли, треба да се негува почитта кон ближниот. Папата ја искажува својата близина, духовната солидарност и подршка кон сите оние кои, по своите одговорности, се залагаат за мир, праведност и право, за укинување на изворите и причините за омраза, во овој драматичен и болен момент, во Франција и во секој дел од светот обележан со напнатост и насилство, истакна отец Ломбарди.
Парискиот надбискуп, кардиналот Андре Винг Троа во Ватикан, претпладнево, се сретна со Светиот Отец, а Папата во пораката до него ја истакна „својата близина со ранетите луѓе и семејствата на сите оние кои беа погодени од атентатот, молејќи го Господа да ги закрепне и утеши во нивните искушенија.
РВ/В.Н.
2708