Светиот Отец: При толкувањето на Библијата секогаш да се има во предвид и живата традиција на Црквата

Ватикан, 12.4.2013 /к.мк/ – Во петок претпладне, папата Фрањо се сретна со членовите на Папската библиска комисија. Во изминатите пет дена тие разговараа и дискутираа на тема „Инспирацијата и вистината во Библијата“ и денес завршува нивната средба во Ватикан. По воведното обраќање на претседателот на Комисијата, архиепископот Герхард Лудвиг Милер, Папата ги охрабри присутните, при толкувањето на Библијата секогаш да се има во предвид и живата традиција на Црквата

„Се собравте за да дискутирате за една многу важна тема: Инспирацијата и вистината во Библијата. Се работи за тема која не се однесува само за поедини верници, туку за целата Црква, животот и посланието на Црквата која се базира на Словото Божјо, кое пак е душа на теологијата и во исто време инспирација за целокупната христијанска егзистенција.“

Светото Писмо е запишано сведоштво на Словото Божјо, кое оди многу подалеку од самиот текст. За да се разбере, мора да се има во предвид големата традиција и со помош на Светиот Дух и Научителството на Црквата за канонските книги како Слово Божјо, се упатува на својот народ, и како такво преку размислување да се изнесе на виделина непроценливото богатство. Ова е јасно наведено во догматската конституција на Вториот ватикански собор, рече папата.

Имено во Догматската конституција „Dei Verbum” („За Словото”) стои: Сѐ што е поврзано со толкувањето на Светото Писмо Црквата е крајната инстанца, бидејќи има власт од Бог и служи за чување и толкување на Словото Божјо.

Од тука следува дека егзегетот мора да внимава, Словото Божјо во библиските текстови сериозно да го прифати и да го смести во рамките на верата на Црквата. Интерпретацијата на Светото Писмо не е индивидуален научен труд, туку мора постојано да биде во рамките на живата традиција на Црквата, и истовремено да биде потврдена од неа. Оваа норма е одлучувачка, за правилно и взаемно потврдување помеѓу егзегезата и Научителството на Црквата.

Почитувањето на оваа внатрешна природа на Писмото ја условува точноста на библиската херменетика, подвлече папата Фрањо. Од тука следува дека секоја интерпретација, која е поставена на субјективните чувства е со недостатоци или не е во состојба да го има во предвид глобалниот дух, кој низ вековите ја формира традицијата на целиот народ Божји.

На крајот Светиот Отец ги охрабри членовите на Папската библиска комисија за нивната „важна работа“ и ги довери на Пресвета Богородица, која е пример за понизност и послушност кон Словото Божјо.

„Таа нека ве научи целосно да го примате неисцрпното богатство на Светото Писмо и не само преку интелектуалното истражување, туку и со молитва, но и вашиот живот како верници, посебно во оваа Година на верата, за да може вашата работа да помогне светлината на Светото Писмо да заблеска во срцата на верниците!”.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<