Прифаќајки ја поканата на Католичката црква во Македонија и Државниот врв Неговата Светост папата Фрањо ќе ја посети Република Македонија и главниот град Скопје на 7 мај 2019 година – соопштено е на 13 декември 2018 година истовремено од Епископската резиденција во Скопје и Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Програмата за Апостолската посета на папата Фрањо во Македонија ќе биде објавена дополнително.
Претходно од 5-7 мај 2019 година папата Фрањо ќе ја посети Република Бугарија.
Ова Апостолско патување на папата Фрањо ќе биде негово 29. Апостолско патување надвор од Италија.
к.мк