Светиот Отец на хиротонијата на монс. Фабене: Бдеј над народот и служи му како Исус
Бдеј над народот и служи му како Исус – рече Папата на новохиротонисаниот епископ, монсињор Фабио Фабене кој на 30 мај 2014 го хиротониса на светата Литургија во базиликата Свети Петар.
Светиот Отец ја прочита обредната проповед која што Римскиот обредник ја предвидува во таква пригода, додавајќи некои лични размислувања. Папата опкружен со браќата епископи, како што предвидува обредникот со елеј за миропомазание ја помажа главата, го предаде Евангелието, прстенот, епископското жезлот митрата, знаците на епископската служба, на монсињор Фабио Фабене, кој од 1984 година е свештеник, а од февруари ова година е потсекретар на Бискупската синода. Тие знаци симболизираат плодност, верност, светост, навестување на Евангелието и водство на Божјот народ, продолжување на апостолската служба и обнова на Христовата присутност.
Обраќајќи се на новохиротонисаниот епископ, истакна дека епископството е служба, а не чест, Папата спонтано размислувајќи рече: Од стадото си избран, нека во тебе не биде празнина, гордост и ароганиција. Избран си и поставен за луѓето; нека твоето однесување секогаш биде служење. Како што служел Исус– поттикна Светиот Отец.
Пред да го потсети новиот епископ на обврската за навестување на Евангелието и чување на Христовите таинства и љубовта кон оние кои Бог ќе му ги довери – па и оние кои не припаѓаат на „единственото Христово стадо“ – како што вели Обредната проповед, Папата го поттикна монсињорот Фабене, секогаш нека бдее и никогаш да не дреми. Бдеј над себе и над Божјиот народ! А да бдееш значи да бидеш мирен, подготвен да се браниш од многу гревови и многу световни начини на однесување, а народот Божји да го браниш од „волците“ кој – како што рече Папата – можат да се приближат.
Но, да бдееш значи и да молиш – додаде Светиот Отец – да молиш за народот, како што тоа го правел Мојсеј: да ги воздигнеш рацете во посредничка молитва и храбро; за народот, лице во лице со Господ – заврши папата Фрањо.
РВ/Д.И.