Светиот Отец именува двајца свештеници за придружници на Папскиот делегат, кардинал Пуљиќ
По повод Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“, според информација од Апостолската нунцијатура за Република Македонија, Светиот Отец папата Фрањо именува двајца свештеници за придружници на Папскиот делегат кардинал Винко Пуљиќ.
Станува збор за дон Давор Топиќ, парох во катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје и Декан на свештенството во Скопска бискупија и о. д-р Зоран И. Стојанов, парох во парохијата Свети пророк Илија – Радово и Декан на свештенството во Апостолскиот егзархат во Македонија.
Татковинската прослава „Денови на Света Мајка Тереза“ ќе завршат со свечена Миса на плоштадот Македонија во недела 11 септември 2016 година со почеток во 10.00 часот, а ќе ја предводи Папскиот делегат кардинал Винко Пуљиќ, во заедништво со Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов и повеќе епископи од регионот.
к.мк