Свети Јосафат – маченик за христијанското единство

Свети Јосафат – маченик за христијанското единство

Како архиепископ свети Јосафат бил варварски убиен од дванаесет злосторници на 12 ноември 1623 година во Витебск, Белорусија, бидејќи неговата пастирска ревност и заслужена активност за единство со Римската црква врз себе ја навлече омразата од оние кои се одделени од Рим.

Свети Јозафат Кунциевич е роден околу 1580 година во Украина од православни родители. На светото Крштение го добил името Иван, а кога тој се приклучил на монашкиот ред на свeти Василиј го добил името Јосафат. Влегол во тој ред прифаќајќи ја католичката вера, во единство со Рим, а при тоа зачувувајќи го, како и останатите соединети христијани, источниот обред и обичаите. Тој стана голем чувар и бранител на христијанското единство. Тоа беше и причината за неговата маченичка смрт.

Облекувајќи ја монашката облека, Јосафат имал привилегија да биде прв новициј на василијанскиот обединет манастир „Пресвета Троица“ во Вилнус. Тогаш тој имал 20 години. Тој во овој стар монашки ред со богата традиција и духовност ќе внесе нов жар, нови идеи под влијание на исусовците, кои тогаш биле многу активни на територијата на Полска. Тоа тој го направил кога станал поглавар во манастирот, а уште повеќе кога станал архиепископ во Полоцк, во Рутенија, која од руските преминала во полски раце за време на кралот Сигизмунд III.

Како архиепископ свети Јосафат бил варварски убиен од дванаесет злосторници на 12/25 ноември 1623 година во Витебск, Белорусија, бидејќи неговата пастирска ревност и заслужена активност за единство со Римската црква врз себе ја навлече омразата на оние кои се одделени од Рим. Свети Јосафат на своите противници им велел: „Вие смртно ме мразите, додека јас сите вас ве носам во срцето и би бил радосен да умрам за вас“. Тоа биле пророчки зборови. Преземајќи ја граѓанската власт и искористувајќи го моментот на политичките конфликти во Полска, група на луѓе, вооружени со сабји и пушки, влегле во живеалиштето на Јосафат и го убиле. Голото тело му го фрлиле во реката Двина. Но верниците чекале да дојдат до него и чесно да го погребат. Неговата смрт била повод на многу преобраќања и зацврстување на Црквата. Јосафат за скоро време бил прогласен за блажен. Папата Пиј IX во 1867 година го прогласил за свет како прв од источниот обред.

Господ Христос не ја доверил единствено само на апостолите службата која и самиот ја примили од Отецот кога рече: Дадена ми е сета власт на небото и на земјата; одете поучете ги сите народи, со кое сакал Исус заедништвото на апостолите да биде еден, двојно поврзан со најтесна врска. Внатрешната врска е онаа на верата и љубовта која е излеана во нашите срца преку Светиот Дух, а надворешната е управувањето на еден со сите, бидејќи приматот на апостолите му ја доверил на свети Петар. Тоа е вечниот принзип и видлива основа за единство. За да може пак ова единство и слога да опстојува засекогаш, Бог кој се предвидува, го посвети единството како знак истовремено и за светост и за мачеништво.

Таква чест доби и свети Јосафат, архиепископот Полоцки, од словенскиот источен обред. Него со право го признаваме за достоинственик, за сјај и столб на источните Словени. Скоро и нема никој друг кој повеќе би го осветлил нивното име или подобро придонел за спасението. Тој е нивниот пастир и апостол; особено поради тоа што својата крв ја пролеал за единството на светата Црква. Покрај тоа, чувствувајќи дека го поткрева некој небески нагон, сфатил дека за остварување на светото севкупно единство најмногу може да помогне со тоа доколку во единството на Универзалната Црква го задржи словенскиот обред и василијанската структура на монашкиот живот.

Меѓутоа, тој најмногу се залагал за поврзаноста на своите граѓани со Петровиот Престол. Насекаде собирал докази кои биле вредни да ја промовираат и да ја потврдат оваа поврзаност. (…)

Добро е познато дека Светиот Отец папата Иван Павле II во своите настапи ги поддржуваше верниците од источниот обред, кои се соединети со Римската црква. Тоа го покажа и на своето апостолско патување во САД кога во Филаделфија ја посети украинската катедрала „Безгрешно Зачнување на Пресвета Богородица“. Оваа посета беше многу повеќе од тоа што би можело да се нарече учтивост кон украинските католици од источен обред. (…)

Празникот на свети Јосафат, маченик за единството, нѐ повикува да се сетиме дека неговиот споменден има екуменско значење: реалноста на единството во почитувањето на оправданите и легитимните разлики.

Молитва

Господи, во својата Црква пробуди го Светиот Дух, со кој бил исполнет свети Јосафат и го дал својот живот за своите овци; преку неговото застапништво зацврсти нѐ и нас со овој Дух, да бидеме подготвени животот да го положиме за браќата. Преку нашиот Господ Исус Христос, твојот Син, кој со тебе живее и царува во единство со Светиот Дух, Бог, во сите векови.

Битно нет/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот