Родителите на Kонстантин биле царот Kонстанциј Флор и царицата Елена. Кога Константин стана цар, пред борбата со Максенциј му се појави голем крст на небото, целиот украсен со звезди, а на крстот стоеле зборовите: „Со овој знак ќе победиш“.
Царот задоволен од оваа видение наредил да се направи голем крст како оној што му се беше објавил и нареди да се носи пред војската. И навистина царот Константин победил побројна и помоќна војска. Потоа Константин во 313 година во Милано го издал својот едикт со кој им даде слобода на христијаните. Победувајќи ги Византијците, тој на Босфор подигна град кој во негово име беше наречен Константинопол/Цариград, новото седиште на новото христијанско царство. Кога тој се разболе, го повика кај себе епископот Силвестер кој го поучи во христијанската вера, а потоа и го крсти. Тој во 325 година го свика во Никеја првиот екуменски Собор на кој светите отци го осудија ересот на Ариј.
Исто така и неговата мајка Елена направила многу за христијанството. Таа го посети Ерусалим и го пронајде чесниот Господов Крст и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението како и уште многу други цркви во Светата Земја. Таа во 327 година се пресели во вечното царство на 80 години од својот живот, додека царот Константин се упокоил во 337 година во градот Никомедија, на својата 65 годишна возраст. Неговото тело е погребано во црквата „Светите Апостоли“ во Цариград.
Крижевачка епархија/З.А