Свети Фрањо е роден во Асизи во 1182 година, син на Пиетро Бернардоне и госпоѓа Пика, богати трговци. Неговото раѓање било опкружено со мистериозни околности: еден просјак, претставувајќи и се на госпоѓата Пика, неколку дена пред раѓањето на Фрањо, и рече: „Меѓу овие ѕидови набргу ќе блесне сонце…“; истиот ден од раѓањето, мајка му падната поради силните породилни болки, еден друг поклоник и рекол: „Сé ќе биде добро, ако мајката биде однесена во шталата“, и така се случило. Еден друг ден по улиците на Асизи бил слушнат како еден испосник извикувал: „Мир и добро, мир и добро!“ идното мото на Фрањо. Слатката госпоѓа Пика молчела и се молела, мислејќи: што ли ќе стане од ова дете толку возљубено од Бога?
Во меѓувреме Фрањо растел радосен, весел, љубител на безгрижните дружења, на раскошните вечери, на музиката и песните. Како што бизнисот одел добро, татко му го испратил да се занимава со трговија. Затоа што бил интелигентен, постигнал големи успеси; се борел против Перуџа и заработил долг период во затвор.
Сепак Божјата милост работеше. Еден ден пријателите, кога го виделе замислен, го прашале: „Мислиш ли да се ожениш?„. „Да, одговорил Фрањо, и ќе се оженам со најубавата и најсиматичната жена на светот“. Тоа се однесувало на „госпоѓата сиромаштија“! Едно утро во една селска црквичка бил погоден од еден стих од Евангелието, кое вели: „Не носете во појасите ваши ни злато, ни сребро, ниту бакар, ни торба за пат, ни двојни алишта, ниту обувки, ниту стап“. Ја соблекол својата облека, сето тоа што го имал го дал на милостиња, и пред Владиката, на својот татко предавајќи ја својата облека му рекол: „Досега Пиетро од Бернардоне го нарекував мој татко, од сега па натаму поради поголема причина ќе велам: мој Татко кој си на небесата“. Излегол, и веднаш го ставил во пракса советот од Евангелието. Се соблекол бос, се облекол во селска туника, го отстранил кожниот појас и на негово место околу половините ставил јаже. (Кожниот појас во средниот век бил најважниот дел од облеката, толку важен што Данте, кога сакал да ја пофали грубата едноставност на старите луѓе од Фиренца, и велел „опашени со кожа и коска“).
Од оној ден хероизмот на Фрањо повеќе немал граници: сиромашните, лепрозните, болните од секаков вид биле неговиот избран дел. Бил третиран како лудак, бил претепуван, клеветен, проколнуван, а на сето тоа возвраќал со молитви, со добродетелство, со љубов. Своите следбеници, кој сакаше да ги нарекува „Помали браќа“ ги поучувал на работа, на милостиња, на молитва и на најапсолутна сиромаштија.
Каде што поминал го донел Божјиот благослов: мир помеѓу раскараните и љубов помеѓу непријателите: преобратил грешници, спасил бедни, заштитил угнетувани.
Трите фрањевски завети – послушност, сиромаштија и чистота – не биле товар кој синот на Пиетро Бернардоне го земал врз неговите гротески раменици и кој им го нудел на неговите другари од авантурата.
Напротив, овие завети него и неговите следбеници ги правеле полесни и полесни. Послушноста ги разрешувала од секој сомнеж: сиромаштијата ги ослободувала од секоја алчност; чистотата ги ослободувала од секоја телесна обврска. Пороците спротивни на овие завети, т.е. горделивоста, лакомоста и похотата, биле трите монструозни токи, кои го контролирале световниот човек.
Благословен од Папата, насекаде и на сите го раширил неговото дело; го основал и го раширил Третиот Ред. Отишол помеѓу Турците: испратил апостоли насекаде да носат „Мир и добро“. Во местото Верна, Бог на својот верен слуга му го втиснал знакот на неговата љубов: светите стигми. (…)
МОЛИТВА:
О Боже, кој по заслугите на свети Фрањо ја зголемуваш својата Црква на едно ново семејство, дај ни по неговиот пример да ги презираме земните работи, и да можеме да учествуваме во радоста на небесните дарови.
Светец на деност/З.А.