Свети маченички Софија, Вера, Надеж и Љубов
Свeтите маченички: мајката Софија со своите ќерки Вера, Надеж и Љубoв и мајка живееле во Рим, каде маченички и го завршиле својот живот за време на царот Адријан. Сoфија, што значи мудрост oстанала вдoвица и какo христијанка го сведочела Господ Исус Христос, а во верата Христова ги воспитувала и своите три ќерки. За време на прогонството на царот Адријан, Софија, Вера, Надеж и Љубoв биле изведени пред царот, кои пак цврсто се држеле за рака како исплетен венец, смирено, но сепак решителни да посведочат за Христос, поради што одбиле и да принесат идолска жртва на божицата Артемида.
Пред да пострадаат мајка им ги укрепувала своите ќерки во верата за да можат да издржат до крај. Најпрвобила мачена Вера, потоа Надеж и на крајот Љубов. Биле тепани и фрлани во врела смола, а на крајот биле обезглавени. Главите на своите ќерки ги зела нивната мајка Софија и ги погребала надвор од градот, каде три дена и три ноќи се молела на Бог по што го предала својот дух, брзајќи на средбата со нејзините ќерки во царството небесно.
к.мк