Светата Столица: Ватиканската архива за документите на папата Пиј XII веќе долго време се отоврени
Откако аргентинскиот рабин Абрахам Скорка долгогодишен пријател на папата Фрањо во вчерашниот разговор за британскиот Сандеј Тајмс изјави дека католичкиот поглавар ќе ја отвори архивата од времето на потификатот на Пиј XII од Втората светска војна, се огласи Светата Столица и нагласи дека во тоа отворање на архивата нема ништо сензационално.
Што е тоа што Сандеј Тајмс напиша, цитирајќи го Скорка кој се сретна со Папата во Ватикан во петок? Весниците пишуваат дека папата Фрањо сака да ја отвори архивата за да може да продолжи процесот на беатификација на папата Пиј XII. Рабинот Скорк изјавил дека Папата сака конечно да се расчисти односнот на Пиј XII спрема холокаустот. Потсетуваме, некои аналитичари во еврејските заедници сметат дека Пиј XII не се поставил доволно одлучно кон нацистичкиот режим и прогонот на Евреите.
Префектот на Ватиканската тајна архива епископ Серџо Пагано на овие вести одговори дека во тоа нема ништо сензационално и уште во 2010 година е кажано дека документите од понтификатот на Пиј XII ќе станат достапни во идните пет години, што сега и се случува во согласност со правилата по кои тие документи, дипломатските и останатите кои се однесуваат на активностите на Светата Столица стануваат достапни за јавноста. Епископот Пагано рече дека фамозниот архив не крие ништо спектакуларно и дека повеќето тамошни документи се веќе достапни на јавноста преку отворените дипломатски архиви во Франција, Германија и други држави.
„Многу документи кои добро го објаснуваат наводното „молчење“ на Пиј XII веќе одамна се објавени. Но, никој не ги чита,“ порача епископот Пагано, алудирајќи на тоа дека некои научници веќе создале негативна слика за понтификатот на тој Папа и не сакаат да ја променат и покрај фактите кои говорат спротивно од таа создадена слика.
Битно нет/Д.И.