Фаустина, Апостолка на Божјето Милосрдие, денес припаѓа на групата најпознати светици во Црквата. Преку неа Бог во светот ја праќа најголемата порака на Божественото Милосрдие и го покажува примерот на христијанското совршенство кое се темели на верата во Бог и милостивиот однос спрема ближниот.
Сестра Марија Фаустина била родена на 25 август 1905 година, трета од десет деца, од Маријана и Станислав Ковалски, селани од селото Глоговиец. На кршението во парохиската Црква ѝ било дадено името Елена. Уште од рана возраст се разликувала поради љубовта кон молитвата, поради активноста, поради послушноста и поради големата чувствителност спрема човечката сиромаштија. На деветгодишна возраст примила Прва Причест; за неа тоа било длабоко искуство затоа што веднаш била свесна за присутноста на Божјиот Гостин во нејзината душа. Одела на училиште неполни три години. Уште на млада возраст го напуштила домот на родителите и отишла да служи кај некои богати семејства за да опстане самата и за да помогне на родителите.
Уште на седумгодишна возраст во душата го чувствувала духовниот повик, но родителите не и дозволувале да влезе во манастир и таа барала начин да го отфрли од себе повикот. Инспирирана од една визија на Исус кој страда, заминала за Варшава каде на 1 август 1925 година влегла во манастирот на сестрите на блажената Дева Марија на Милосрдието. Под името сестра Марија Фаустина поминала во манастирот 13 години во различни куќи од нивната Конгрегација, работејќи како готвачка, градинарка и портирка.
Однадвор не давала знаци за својот неверојатно богат мистичен живот. Ги извршувала сите обврски, веродостојно ги почитувала сите верски правила, била концентрирана, тивка и во исто време полна со добротворна и безусловна љубов. Нејзиниот навидум нормален, монотон и сив живот криел во себе едно длабоко и неверојатно единство со Бога. Во основа на нејзината духовност се наоѓа таинството на Божественото Милосрдие кое таа го медитирала во Словото Божјо и го контемплирала во секојдневието од својот живот. Познавањето и контемплацијата на таинството на Божјото Милосрдие развивале во неа еден однос на доверба во Бога и на милосрдие кон Ближниот. Пишувала: „О мој Исусе, секој од Твоите светци рефлектира во себе една од Твоите доблести; јас посакувам да го рефлектирам Твоето чувствително срце и полно со милосрдие, посакувам да го прославувам. О Исусе, Твоето милосрдие е втиснато врз моето срце и врз мојата душа како печат и тоа ќе биде мој заштитен знак во овој и во другиот живот (Q. IV,7). Сестра Марија Фаустина била верна ќерка на Црквата, која таа ја сакала како Мајка и како мистично Христово тело. Свесна за својата улога во Црквата соработувала со Божественото милосрдие за спасение на изгубените души. Одговарајќи на желбата и на примерот од Исус, својот живот го понудила како жртва. Нејзиниот духовен живот се карактеризирал пред сѐ по љубовта кон Евхаристијата и длабоката посветеност кон Божјата Мајка на Милосрдието.
Годините од нејзиниот духовен живот биле полни со неверојатни благодати: откровенија, визии, скриени стигми, учествување на Божјата страст, дар на присутност на различни места во исто време, дар да чита во човечките души, дар на пророштвото и реткиот дар на свршувачка и мистичен брак. Живиот контакт со Бог, со Пресвета Богородица, со ангелите, со светците, со душите од чистилиштето, со целиот натприроден свет за неа бил не помалку реален и конкретен од оној кој го искусувала со чувствата. И покрај дарот на толку неверојатни милости таа била свесна дека не се тие што ја создаваат суштината на светоста. Во својот Дневник пишувала: „ Ниту благодатите, ниту откровенијата, ниту екстазите, ниту никој друг дар создаваат совршенство, туку интимното единство на мојата душа со Бога. Даровите се само еден украс на душата, но не ги составуваат ниту суштината, ниту совршенството. Мојата светост и совршенство се состои во едно тесно единство на мојата волја со Божјата волја. (Q. III,28). Господ ја избрал Сестра Марија Фаустина за секретарка и апостолка на своето Милосрдие за да пренесе, преку неа голема порака на светот. „Во Стариот Завет му пратив на мојот народ пророци со громови. Денес тебе те праќам при целото човештво со Моето милосрдие. Не сакам да го казнам народот кој страда, туку да го излечам и да го прицврстам кон Моето милосрдно Срце.“ (Q. V,155).
Мисијата на Сестра Марија Фаустина се состоела во три задачи:
- На светот да му се приближи да му се објави вистината од Светото Писмо за Божјото Милосрдие за секој човек.
- Да го измоли Божественото Милосрдие за целиот свет, пред сѐ за грешниците, особено со новите форми од побожноста на Божественото Милосрдие кои биле покажани од Исус: Исусова слика со натпис: „Исусе, во Тебе го доверувам празникот на Божественото Милосрдие во првата недела после Велигден. Круна на Божјото Милосрдие е молитвата во времето на Божјото Милосрдие (во 15:00 часот). Преку овие форми на побожност и исто така преку ширењето на чевтсвувањето на Господовото Милосрдие нудел големи ветувања под услов на надеж во Бога и на активна љубов кон ближниот.
- Да инспирира апостолско движење на Божјето Милосрдие со обврска да се прокламира и да се измоли Божјото милосрдие за светот и да се постигне христијанско совршенство по патот кој ни го покажала Сестра Марија Фаустина. Се однесува за пат кој пропишува однос на доверба, исполнување на Божјата волја и имање милосрдие кон ближниот.
Денес ова движење во Црквата соединува милиони луѓе од целиот свет: верски конгрегации, секуларни институции, свештеници, братства, здруженија, различни заедници на апостолите на Божјото Милосрдие и поединци кои ги преземаат обврските кои Бог ѝ ги пренел на Сестра Марија Фаустина. Мисијата на Сестра Марија Фаустина била опишана во Дневникот кој таа го пишувала следејќи ја Волјата на Исус и предлозите на свештениците-исповедници, запишувајќи ги со вера сите зборови Исусови и откривајќи го контактот на нејзината душа со Него. Господ ѝ велел на Фаустина: „Секретарке на Моето најдлабоко таинство, твоја најдлабока задача е да запишеш сѐ што ќе ти покажам за Моето Милосрдие, за доброто на душите кои читајќи ги овие записи ќе почувствуваат внатрешна утеха и ќе бидаат охрабрени да се приближат кон Мене“ (Q. VI,67). Ова дело всушност на неверојатен начин го приближува таинството на Божјето Милосрдие.
Дневникот го восхитува не само обичниот народ, туку и истражувачите кои во него откриваат еден дополнителен извор за нивните теолошки истражувања.
Дневникот е преведен на различни јазици, меѓу кои англиски, француски, италијански, германски, шпански, португалски, руски, чешки, словачки и арапски. Сестра Марија Фаустина уништена од болеста и од различните страдања кои доброволно ги поднесувала како жртва за грешниците, во полнотата на духовната зрелост и мистично обединета со Бога, умира во Краков на 5 октомври 1938 година, на возраст од само 33 години.
Славата за светоста на нејзиниот живот пораснала заедно со ширењето на побожноста за Божјото Милосрдие благодарение на благодатите добиени преку нејзиното посредништво.
Во 1965-67 во Краков се одржал еден информативен процес за нејзиниот живот и нејзините доблести а во 1968 во Рим започнал процес за беатификација кој завршил во декември 1992 година.
Сестра Фаустина била прогласена за блажена, на плоштадот Свети Петар во Рим на 18 април 1993 година, а за светица на 30 април 2000 година од папата Свети Иван Павле II кој, на овој настан, за прв пат одредил да се фиксира во црковниот календар Празникот на Божјото Милосрдие и да се слави секоја година во првата недела по Велигден.
Моштите на Света Фаустина се наоѓаат во светилиштето на Божјото Милосрдие во Краков но дел од нив се распространети низ целиот свет.
Меѓугорје/Росана П.