Света Тереза на Детето Исус
Тереза се родила како девето дете на брачниот пат Луј Јосиф Станислав Мартин и Марија Азелије Гуерин на 2 јануари 1873 година, во градот Аленкон во Нормандија. Два дена подоцна била крстена и го добила името Марија Франциска Тереза. Имала прекрасни родители, но топлината на мајчиното срце не ја уживала долго, бидејќи ја изгубила мајка и веќе на 28 август 1877 година. Девојчето тогаш немало ни 4 години. Според нејзино сопствено сведоштво детинството и се дели на два дела: најпрво радост, а потоа по мајчината смрт жалост и претерана чувствителност.
Првото христијанско воспитување Тереза го примила од мајка и, но и татко и исто така во тоа имал активна улога. Тереза самата за него посведочила: „Доволно ми беше да го видам мојот татко како моли па, да видам како се молат светците.“ Второ воспитание и пружила сестра и Паулина, а трето, сестрите бенедектинки во Лисије. Тереза била поврзана со нив – преку денот била кај нив, а вечерта дома – од октомври 1881 година па до крајот на февруари 1886 година.
Од значајните настани пред влегувањето во Кармел треба да се спомене нејзината тешка болест. Се разболела на Благовест 1883 година, а оздравела, насмевнувајќи и се нашата драга Богородица од победата која ја молеле за неа токму на денот на Духови истата година. Тогаш го молела Господ да и „ја одзема нејзината слобода“ и на тој начин „да стане едно со божествената сила. “Третиот настан е внатрешниот повик за монашки живот и тоа во редот на босоногите кармеличанки.
Бидејќи за таков одлучен чекор била премногу млада, Тереза со татко и преземала поклоничко патување дури во Рим да го посети папата Леон XIII за да и дозволи влез во Кармел на возраст од 15 гдини. Папата на една аудиенција – каде што била организирана средба за нив – ја упатил на редовниот пат преку месните црковни поглавари во нејзината бискупија, што малку ја разочарало, но не и скршило. Добивајќи дозвола од месниот епископ, Тереза најпосле на 9 април 1888 година, понеделник влегла во Кармел во Лисије, останувајќи во него сè до својата смрт на 30 септември 1797. Влегла за да ги спасува душите и да моли за свештениците.“
Животот во Кармел и бил многу едноставен, тежок и прозаичен. Тереза дневно трошила повеќе од шест часа за молитва и на размислување, пет часа на рачна работа, два часа на заеднички одмор, кога можела да се занимава секако била присутна на рекреациите, 45 минути и одело за оброците, а за ноќен одмор и останувале уште шест-седум часа. Првите пет години од монашкиот живот Тереза многу трпела од осаменост, духовна сувост, па и од скрупулозност. Сето тоа го поднесувала со натприродна радост. Та нели и самиот Господ ја извести „дека ќе и даде души единствено преку крстот.“
Тереза на 8 септември 1890 ги положила заветите. Тоа бил ден на мирна радост. Но, наскоро повторно дошла темнината која се затемнила сѐ до напад на нејзината вера, а сето трајало сѐ до смрттниот час. Таа сепак во таквата состојба била задоволна. За тоа пишува вака: „О, колку е слатко да му служиш на Господ во ноќта, во искушенијата! Го имаме само овој живот за проживување на својата вера.“
Молитвениот живот на Тереза била обичен. Познато е дека доживеала само еден мистичен настан. Тоа било занес при еден Крстен пат за кој кажала на својата сестра Паулина. Но, баш тој обичен молитвен живот ни се чини толку близок и лесен за наследување. Таа самата има кажано: „Сè што сум правела мора да биде водење на малите души.“ Но, Тереза исто така може да ни биде пример во подготвеноста како се прифаќа и се оди по патот на темнината, која таа го одела, и покрај духовната сувост секогаш била верна на секојдневните молитвени вежби.
На крајот на животот можела да воскликне: „Чашата е полна до врвот! Никогаш не сум верувала дека е можно толку многу да трпам. Како може тоа поинаку да се протолкува освен со мојата преголема желба да спасувам души?“
Нејзината „Историја на една душа“ во која го опишува сопствениот живот стана патоказ за многумина, како треба да чекориш по патот на духовното детство насекаде посветен на Божјата волја без очекување на чуда и натприродни објави. Малата Тереза ја врати честа на оние мали крепости сиви во секојдневниот живот: понизност, послушност, сиромаштво, чистота, пожртвуваност, едноставност на срцето, поврзаност со Бог. За сето тоа Црквата во 1925 година ја прогласи за света, само 28 години по нејзината смрт. Над нејзиниот гроб во Лисије се издига величествена базилика подигната со прилозите на благодарни верници од целиот свет кои во неа најделе не само моќна застапничка, туку и драга животна пријателка и учителка.
Папата Иван Павле II на 19 октомври 1997 година ја прогласи за научителка на Црквата.
Битно.нет/Д.И.