Реката Јордан – шест факти кои можеби не сте ги знаеле за реката каде што бил крстен Исус
Ви пренесуваме шест факти за реката Јордан каде Иван Крстител го крстил Исус Христос.
Реката Јордан има големо значење за христијаните. Во неа воплотениот Бог, Господ Исус Христос, бил крстен од неговиот роднина и пророк Иван Крстител. Христијаните долго време верувале дека со крштевањето во Јордан, Исус го осветил Јордан како „света река“ и сите крштелни води во светот.
Цезареја Филипова е местото каде што Исус му рекол на Петар: „Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја“. Се наоѓа на еден од прекрасните извори на реката Јордан. Гледајќи во високата карпа над изворот на Јордан, со голема дупка во неа за која луѓето веруваа дека води во „подземниот свет“, Исус рече дека неговата црква изградена на Петар ќе биде како оваа карпа и дека „вратите на пеколот“ (симболизирано во дупката на карпата) никогаш нема да надвладее. Ова пророштво останало до ден денес и покрај обидите да се уништи Црквата,
Преминувањето на Израелците во Ветената земја всушност значело преминување на реката Јордан. Малкумина знаат дека се случи слично чудо како на Црвеното Море – Бог ги отвори водите на надојдениот Јордан за Божјиот народ на чело со ковчегот на 10 заповеди да влезе во ветената земја. Овој влез е (праслика) слика за влегувањето на Божјиот христијански народ во вистинската „ветена земја“ – рајот и вечниот живот со Бога.
Јордан се влева во Мртвото Море кое е најниската точка на планетата Земја (стручно кажано: најголемата депресија во светот). Мртвото Море е всушност солено езеро кое се наоѓа на -400 метри надморска височина (најновото истражување вели -418 метри). Неговата најголема длабочина е околу 400 метри. Водата не истекува од него туку се губи со испарување. Нивото на морето постојано паѓа поради прекумернoто изнесување вода од реката Јордан.
Долината Јордан, и покрај загадувањето, остана биолошкото срце на целиот регион. Тој остана еден од најважните светски екосистеми за птиците преселници, со над 500 милиони птици од целиот свет кои доаѓаат тука кога мигрираат.
Јордан тече низ големото Генисаретско Езеро (Галилејско Море, Тиверијадско езеро), место многу често се спомнува во Библијата. Таму Исус ги повикал своите апостоли, проповедал и направил многу чуда. Езерото е долго 21 км и широко 13 км, па го нарекуваат море. Таму апостолите го видоа воскреснатиот Господ.
Во него на север се вева и на југ од него излева реката Јордан, која подоцна се влева во Мртвото Море. Пишува: Петар Хорватиќ Извор: Семејство на малата Марија