Редовен совет на главниот секретаријат на Бискупската синода

Редовен совет на главниот секретаријат на Бискупската синода

На 21 и 22 ноември 2016 година е одржано второто заседание на XIV редовен совет на главниот секретаријат на Бискупската синода со кое заседаваше Светиот Отец.

Работата ја отвори кардинал Лоренцо Балдисери, генерален секретар на Бискупската синода, стои во објавеното соопштение. Во поздравниот говор му се заблагодари на папата Фрањо за неговото присуство, а воедно им честиташе на новите кардинали кои исто така присуствува на заседанието на советот. Освен новите кардинали на седницата беа поканети директори на канцеларии на Римската курија заради нивната надлежност во поглед на темата на синодата: директорот на Конгрегацијата за посветен и апостолски живот и директорот на Конгрегацијата за клер како и директорот на Советот за лаици, семејство и живот.

По воведниот говор на кардинал Балдисери започна расправа за нацрт подготвениот документ за XV генерално редовно собрание на бискупската синода. Главниот секретаријат изработи документ, а му помагаа стручњаци за темата на синодата: „Младите, верата и распознавањето на духовните звања.“ Членовите на советот го пофалија нацрт документот и ги изнесоа своите мислења кои можат да придонесат за подобрување на самиот документ.

Подготвениот документ со листа на прашања е наменет за бискупските конференции, синодите на Источните католички автономни цркви и други правни тела, а тие ќе ги разделат по бискупии и други црковни институции. Членовите на советот работеа во помали групи кои беа формирани, водејќи сметка за континенталната припадност со цел осмислување на прашања кои се однесуваат на младите во разните географски и културни средини. Тие предлози и прашања се вклучени во една рамка која едногласно е усвоена.

На крајот од дводневното заседание Папата се заблагодари на членовите на советот и на сите учесници за нивниот придонес како за духот на братското заеедништво живеено во текот на заседанието.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот