Богатство што треба постојано да се чува. Неколку размислувања за дарот на слободата
Упатувајќи искрени желби по повод 30 годишнината од независноста на Македонија, ве охрабрувам да размислуваме каков придонес може да даде секој од нас, за да не го изгубиме непроценливото богатство на слободата.
„Како што знаеме, слободата е богатство што мора постојано да се чува и да се пренесува како посебно наследство на новите генерации. Во време на темнина, насилство и прогон, пламенот на слободата не згаснува, туку инспирира надеж за иднина во која ќе се почитува достоинството што Бог им го дава на сите и сите се чувствуваме повикани да работиме заедно за да изградиме праведно и братско општество.“ (…)
Денес, благодарејќи на Бога за дарот на слободата во контекст на 30 годишнината од прогласувањето независност на модерна Македонија, добро знаеме дека на тоа и претходеше борба и натпревар на многу генерации. Гледаме дека секоја генерација мора да ги наследи достигнувањата на претходната и да ги однесе до уште повисоки цели, бидејќи доброто, како и љубовта, правдата и солидарноста, не се постигнуваат еднаш засекогаш, треба да се постигнуваат секој ден.
Сите ние се соочуваме со голем и возбудлив предизвик: да продолжиме да работиме за воспоставување и развој на слободата, а демократијата, надвор од формалните аспекти, да биде вистинско место за средби на сите. Место каде сите, без исклучок, се чувствуваат повикани да изградат семејство, заедница и земја што ја сака својата историја, работи за сегашноста и гледа во иднината со надеж.
Затоа, благодарејќи му на Бога за непроценливиот дар на слободата, учиме вистински да ја цениме. Се молиме за оние што ја бранат за нас по цена на својот живот. Го молиме Севишниот за дар на проникливост и мудрост за да разбереме дека заканата за слободата не се само надворешните фактори, туку и нашата себичност или рамнодушност, нашата мрзеливост или негрижа, лековерност и недостаток на критичко размислување. Да молиме да бидеме навистина подготвени со сите наши таленти и вештини да ѝ служиме на Татковината и за општото добро.
Молиме за дар на мудрост, чесност и посветеност за оние што служат на различни нивоа, така што тие навистина бидат водени од доброто на заедницата, а не од лични интереси, а исто така да бидат свесни на личната одговорност за оние што ги делегираме и избираме во власта.
Не заборавајќи дека најлошото ропство е ропството на гревот, се молиме за дарот на мир да може слободно да се шири евангелието за мир и помирување, заштитувајќи ги нашите срца од јаремот на гревот и водејќи ги нашите души кон слобода во Бога, најмногу скапоцена жртва на нашиот Господ Исус Христос.
Господи, Велики и Едини, чувај ја Македонија!
Ватикан њуз/адаптација к.мк