РАЗМИСЛУВАЊА НАД ХРИСТОВИТЕ СТРАДАЊА VI постојка Вероника му ја дава крпата на Исус Мт.26,6-13
Исус е исцрпен. Од здобиените рани и убодите од трновиот венец неговото лице е покриено со крв. Не може повеќе да оди. Вероника гледа што се случува со Исус. Сака да му ги олесни страданијата. Прави тоа што може – зема крпа и се пробива меѓу мноштвото луѓе за да му го избрише раскрвавеното лице. Доаѓа до него, не гледајќи што ќе се случи со неа. Исус како и секогаш, поклонува. Спасителот за награда и го враќа своето лице втиснато во крпата… да може за секогаш пред себе да ја има Исусовата голема жртва. Исус кој е дар, на секој му поклонува кој тоа го сака. Вероника му е пријател. Пријателот со ситни работи прави големи работи. Пријателот не мисли дека е премалку тоа што го прави, едноставно тој прави и не гледа како ќе биде сфатен од околината или пак дали ќе биде осуден. Не му е важно што луѓето ќе зборуваат, со своето срце трча кон оној што има потреба. Пријателот е одважен, љубовта го поткрепува. Срцето му зборува каква потреба има неговиот пријател. На пријателот не му се потребни зборови, доволно е да се наведне и да даде нешто од себе. Со подадената крпа Вероника како да сака да каже: „Еве ме,тука сум за тебе ме имаш,с о тебе сум, ти давам сé што имам и не се плашам за својот живот додека трпам со тебе. Не ме интересира никој освен тебе. Не се плашам. „А тој што е во потреба, во немаштија, во својата мака и прогонство не е никогаш без ништо и тој има со што да возврати: своето втиснато лице на крпата, своето лице, својата напатена душа. Со втиснатото лице Исус зборува дека ја прифаќа пријателската љубов, дека ја чува и ја носи со себе. Одважноста го чува пријателството. Дарувањето на самиот себе ја умножува љубовта. Пријателството носи и ризици. Исус нé поучува за дарувањето и за пријателството.
Шеста постојка. Исус ни вели: Се ми зедоа и сите ме напуштија. Останав сам, без ништо, на патот до смртта. Тогаш доаѓа Вероника и ми подава крпа. Чувствувам голема благодарност, а немам со што да возвратам. Ги имам само своето страдание и својата мака и им го давам тоа: раскрвавеното лице втиснато во крпата.
Оваа постојка нé учи да дозволиме другите да ни праваат добро. Исус ни вели: имај храброст и направи така како што јас направив. Дозволи луѓето да ти направат добро, иако немаш со што да ги наградиш. Дозволи да останеш должен. Не треба сé да платиш, туку како плата да се даруваш самиот себе. Научи се да примаш дарови без наплаќање. Тоа е врата кон мене. Прифати срам. Тогаш ми доаѓаш. Мојот Отец ни дава сé и не бара да му се плати. Тој е како бунар кој дава бистра и свежа вода и не бара да му се наплати и никогаш не се исцрпува. Кога си таков, тогаш си дете на мојот Отец.