Читање на светот Евангелие според Марко 13,33-37
Внимавајте, бидете будни и молете се, оти не знаете кога ќе настане времето. Како човек, кој заминувајќи, ја остава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, и на вратарот му заповеда да биде буден. Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или петлите кога ќе пропеат, или наутро; па да не дојде ненадејно и да ве затече да спиете. A што ви зборувам вам, им го зборувам и на сите: ‚Бидете будни!‘«