Радово: Молитвено-духовно дружење на жени
Во организација на парохиите од Апостолскиот егзархат во Македонија на 8 март 2016 година во парохијата „Свети Пророк Илија“ – Радово се одржа молитвено-духовно дружење на жени. На средбата присуствуваа жени од претежно од парохиите во Струмичкиот регион.
На почетокот од средбата о. д-р Зоран И. Стојанов, парох во Радово ги поздрави присутните, а потоа се молеше Молебен до Пресвета Богородица Проповед на тема „Светата Тајна – Брак“ одржа о. Горге Појразов, парох во Петралинци и Сарај.
Младите од Радово изведоа рецитал поврзан со венчанието, по што следуваше песната „Македонска химна за единство“. Духовното дружење заврши со краткиот филм „Сведоштвото на Софија“, жена која се бори да го сочува своето достоинство, како и достоинството на семејството.
Средбата продолжи во парохиската сала со дружење на жените, а подготвено од жените при парохијата „Свети Пророк Илија“ – Радово.