Протерани христијани затоа што не сакале да се откажат од Христос

Џихадистичките милитанти од самонаречениот Исламски калифат протераа од Мосул 10 стари луѓе, калдејски христијани и сиро-католици, кои беа протерани од долината на Нинивеја и привремено сместени во друг ирачки град, откако одбиле да се откажат од Христијанската вера и да се обратат на ислам.

Групата од тие стари лица – од кои некои имаат здравствени проблеми – примена е во Киркук, после два студени дена поминати на „ничија земја“, помеѓу селата кои се окупирани од војската на таканаречената Исламска држава, и областа контролирани од страна на курдските пешмерги. Рахел, една од прогонетите старици, раскажуваше во разговор за агенцијата Фидес како ги протерале од нивните домови и села, во кои тие се вселиле и ги сместиле во една зграда во Мосул, каде живееја заблагодарувајќи на помошта на неколку муслимански семејства. Потоа некои луѓе од калифатот кажале дека може да останеме таму само ако се преобратиме во ислам – истакнува старицата додавајќи – но јас, која сум се хранела секогаш со Телото Христово и секогаш сум одеа во светилиштето да се молам на света Варвара, како можам да се одречам од сето тоа?

Откако биле истерани од Мосул, влегоа во Киркук благодарение, меѓу другите и на посредувањето на калдејскиот патријарх Луис Рафаел Сако, кој ги убдеи цивилните власти да ја прекинат блокадата на контролните пунктови на влезот во градот, поставени заради безбедносни причини. Заедно со тие десетина стари лица, во Киркук беше примена и едно муслиманско семејство од Мосул, кое се грижеше за нив.

РВ/З.А.

Категорија: Свет

За авторот