Прославен празникот на Сите Светци во Скопје

Прославен празникот на Сите Светци во Скопје

На Градските гробишта Бутел во Скопје, на празникот на Сите Светци, 1 ноември 2017 година, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов служеше света Литургија во сослужение на скопскиот парох и декан дон Давор Топиќ, бискупскиот канцелар о. Марјан Ристов и монс. Антун Циримотиќ.

Во пригодната проповед бискупот Стојанов ја истакна надежта во вечниот живот како и заедништвото во вечната слава која ја исчекуваме.

Во празникот на Сите Светци Црквата нѐ учи да ја гледаме смислата на својот живот, односно сведоштвото кое тие го оствариле следејќи го Исус Христос.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот