Прославен патрониот празник „Свети великомаченик Димитриј Солунски“ во Сарај

Прославен патрониот празник „Свети великомаченик Димитриј Солунски“ во Сарај

Во петок 8 ноември 2024 година, на празникот Свети великомаченик Димитриј Солунски, во Сарај, во црквата посветена на овој маченик, Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов служеше света археирејска Литургија во заедништво со свештеници од Струмичко-скопската епархија и Скопска бискупија. На светата Литургија присуствуваа сестри Евхаристинки, како и верници од Сарај, Гечерлија, Чанаклија и околните парохии.

Во својата проповед епископот Стојанов ја истакна својата радост што на овој празник ја има можноста со верниците од Сарај и околните села, заедно да го прослави патронатот на парохијата. Тој ги поттикна верниците да продолжат на патот по кој храбро чекорел самиот великомаченик Димитриј, следејќи го неговиот маченички пример. Светлиот пример на овој маченик за верата да биде водител за верниците од оваа парохија посебно во изразувањето на заедништвото, кое во овие тешки времиња, на сите нас како христијани можеби во одредени моменти ни недостасува.

На крајот од свеченоста парохот отец Ванчо Назов се заблагодари на сите оние кои приодонесоа со молитва и организација за прославата на паторниот празник на црквата во Сарај, а потоа следуваше агапе и дружење во дворот на парохијата и парохиската сала.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот