На 29 април 2018 година беше прославен патрониот празник на црквата „Свети Јосиф“ во Бистренци – Демир Капија. Покрај верници од тој регион на светата Литургија присуствуваа и верниците од други парохии од Апостолскиот егзархат во Македонија.
Светата Литургија ја предводеше отец Гоце Костов со сослужение на отец Тома Ангелови отец Димитар Ташев Во проповедта отец Гоце го истакна животот и примерот на свети Јосиф, како и тоа дека во работата секогаш треба да ја има и духовната димензија.
На крајот на светата Литургија во црковниот двор следеше освежување и дружење подготвено од верниците.
к.мк