Прославен паторниот празник на Католичката црква во Секирник

Прославен паторниот празник на Католичката црква во Секирник

На празникот Свети Никола Чудотворец, 19 декември 2022 година, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија за патрониот празник на црквата во Секирник. Со епископот Стојанов сослужуваа свештеници од Струмичко – скопската епархија, а покрај сестрите Евхаристинки присуствуваа и верници од Секирник и околните парохии.

Во својата проповед монсињор Стојанов се осврна на животот на Свети Никола, давајќи го како пример за христијански живот, а пред се потцртувајќи ја неговата неизмерна дарежливост за оние во потреба и сиромашните семејства.

Воедно за време на светата Литургија отец Димитар Ташев беше воведен во парохиската служба во парохијата „Свети Никола Чудотворец“ – Секирник.

По светата Литургија следуваше заедничко агапе.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот