На 24 декември 2021 година со света полноќна Литургија, предводена од парохот о. Тони Ангелов, во парохијата „Пресвето Благовештение“ во Штип беше прославен Божиќ – Рождеството Христово.
На Светата Литургија, според мерките за Ковид 19, присуствуваа верниците од Штип, а на светата Литургија присуствуваше и градоначалникот на о. Штип г-дин Иван Јорданов со неговата сопруга.
На верниците им беше пренесена Божиќната порака и честитките на Н.В.П. монс. Д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, а на крајот парохот со поздравен говор им посака среќни, радосни и благословени божиќни и новогодишни празници, со многу здравје, мир и љубов во нивните семејства.
к.мк