Проповедта на Папата на светата Литургија во Наполи
Осврнувајќи се во проповедта на делот од Евангелието во кое луѓето по Исусовиот говор се прашуваат кој е Исус, Светиот Отец рече дека некои тврделе дека Месијата не доаѓа од Галилеја, туку од Витлеем, од родот Давидов; а со тоа и не знаејќи го потврдиле Исусовиот идентитет.
Пред светата Литургија која започна во 11 часот на главниот плоштад во Наполи, Папата во сакристијата ги поздрави епископите сослужители, претставниците на другите Цркви присутни во Наполи и семејството на гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо,а потоа кај олтарот на плоштадот ја благослови сликата на Безгрешната Девица.
Осврнувајќи се во проповедта на делот од Евангелието во кое луѓето по Исусовиот говор се прашуваат кој е Исус, Светиот Отец рече дека Исус за некои бил пророк, за некои Христос, а некои тоа го оспорувале тврдејќи дека Месијата не доаѓа од Галилеја, туку од Витлеем, од родот Давидов; а со тоа и не знаејќи го потврдиле Исусовиот идентитет – рече Светиот Отец и се осврна на однесувањето на свештеничките старешини.
Тие испратиле стражари за да го фатат Исус, токму како во диктатурите, а стражарите – враќајќи се со празни раце, зборувале: „Никогаш човек не говорел така како Овој Човек!“ Во тие едноставни луѓе одекнал гласот на вистината – рече Папата додавајќи дека Божјото Слово и денес предизвикува поделба помеѓу оние кои прифаќаат и оние кои одбиваат. Понекогаш и во нашето срце се запалува противење кога го чувствуваме шармот, убавината и вистината на Исусовиот збор, но истовремено и го одбиваме, бидејќи се премногу тешки – рече Папата.
Во Наполи денес дојдов со вас заедно да навестам: „Исус е Господ!“ Никој не зборува како Он! Само тој има зборови на милосрдие кои можат да ги исцелат раните на нашето срце. Само Он има зборови за живот вечен (Ив 6,68). Моќен е Христовиот збор, има божествена сила: бескрајна љубов. Исусовиот збор, Евангелието учи дека миротворците, кротките, понизните и сиромашните по дух се блажени. Таа Божја сила го менува светот – рече Светиот Отец, додавајќи:
Христовиот збор сака да допре до секого, посебно до оние кои живеат на егзестенцијалните периферии, за Тој да биде центарот на нивниот живот и надеж. А ние кои преку милостите сме го примиле Словото на животот, сме повикани да излеземе од своите огради и на сите со мисионерски жар да им го донесеме милосрдието, нежноста и Божјото пријателство. Истовремено секоја парохија и христијанска заедница нека биде светилиште на сите оние кои го бараат Бог и гостољубива куќа на сиромашните, старите луѓе и на сите во потреба. Да се излезе и да се прифати: се отчукувањата на срцата на Мајката Црква и сите нејзини деца – истакна Папата.
Кога срцата ќе се отворат за Евангелието, светот започнува да се менува, а човештвото оживува. Додека одиме кон Велигден, во целиот Божји народ се распламтува надежта дека ќе воскресне со Христос, нашиот Спасител. Нека не биде залудна ова воскресна милост за народот Божји во овој град. Прифатете ја таа милост за градот Наполи да се исполни со надежта на Христос Господ. Тоа им го посакувам на сите, а посебно вас младите ве поттикнувам: Отворете се за силата на Воскреснатиот Исус, па во овој град ќе донесете плодови на нов живот: праведна распределба, помирување, служење и братство – кречеажа Папата обраќајќи се потоа на сите:
Драги граѓани на Наполи, не дозволувајте да ви ја украдат надежта! Нека не ве заведуваат ласкавите ветувања, лесните заработки и нечесното збогатување. Одлучно спротивставете се на организациите кои со продажба на дрога и други зла ги расипуваат младите, сиромашните и слабите. Не дозволувајте корупцијата и криминалот да го изобличат лицето на овој град! На злосторниците и на сите нивни помошници им повторувам: обратете се кон љубовта и правдата. Дозволете Божјото милосрдие да ве пронајде. Со Божјата милост која простува сè, може чесно да се живее. Тоа од вас го бараат и солзите на мајките во Наполи, измешани со солзите на Марија, Небесната Мајка која ја повикувате во многу цркви во Наполи. Нека тие ги омекнат тврдите срца и ги приведат на патот кон доброто – посака Светиот Отец.
Завршувајќи ја проповедта, Папата рече дека е време Наполи да се подигне; а тоа е неговата желба и молитвата за градот „богат со духовни, културни и човечки вредности, кој над сè е способен да љуби. Власта, иституциите, разните општествени реалности и граѓаните сите заедно и согласно можат да градат подобра иднина“, која не се состои во помирување со судбината, туку со доверба да се отвари за светот – рече папата Фрањо.
Во Христовото милосрдие кое ги обновува сите работи, градот може да најде сила со доверба да оди напред, сила за многу животи, семејства и заедници. Да се надеваш значи да се спротивставуваш на злото. Да се надеваш значи со Божји очи да го гледаш светот. Да се надеваш значи целосно да Му веруваш на Бог Отецот Кој секогаш простува сè. Бог изворот на нашата радост и причина за нашата надеж живее во Наполи. Нека Неговата милост и благослов го поддржува вашето одење во верата, љубовта и надежта; вашите добри накани и потфати на морално и општествено искупување. Нека ве следи Богородица – посака Папата на наполиски дијалект.
РВ/Д.И.