Проповед на папата Фрањо на канонизацијата на двајцата папи

Во проповедта на свечнената литургија на која папата Фрањо ги прогласи за свети папата Иван XXIII и Иван Павле II, ја истакна послушноста на Иван XXIII на Светиот Дух, посебно при отворањето на Вториот Ватикански собор, а папата Иван Павле II го нарече папа на семејството. Светиот Отец истакна дека „во центарот на ова недела со која завршува воскресната осмина и која свети Иван Павле II ја посвети на Божјото милосрдие, се наоѓаат славните рани на воскреснатиот Исус.

Поврзувајќи ги неделните читања и канонизацијата на двајцата римски епископи, Папата истакна дека раните Христови се знак на Божјата љубов кон луѓето и се неопходни за нашата вера за да можеме да веруваме дека Бог е љубов; затоа раните на Воскреснатиот Господ не исчезнуваат. Двајцата папи во секој човек кој го среќавале – го гледале Христос. „Свети Иван XXIII и свети Иван Павле II имале храброст да ги гледат раните Исусови, допирајќи ги неговите ранети раце и прободената страна. Не се срамеле од телото Христово, не се соблазнувале над нив ниту над неговиот крст; ниту се срамеле од телото на братот (Исаија 58, 7), затоа што во секој страдалник го гледале Исус. И двајцата беа храбри луѓе, целосно отворени на Светиот Дух, давајќи сведоштво на Божјата добрина и неговото милосрдие на Црквата и светот.“

Тие биле двајца храбри луѓе, полни со Светиот Дух и на целата Црква и целиот свет го давале сведоштвото на Божјото милосрдие. Биле свештеници, епископи и папи на 20 век, ја запознале трагедијата но не биле победени, силно верувале во Бог и Божјото милосрдие кое се објавува во петте рани Христови. Во нив е надежта и радоста кои никој и ништо не може да ги одземе, надеж и радост кои ги добиле како дар од Христос Воскреснатиот и кои изобилно ги дарувале на Божјот народ, заврши Папата.

На крајот од проповедта Папата замоли застапништво за Црквата од двајцата нови светци и пастири на Божјот народ, на нејзиниот двегодишен пат кон Синодата за семејство, како би била отворена за делувањето на Светиот Дух во пасторалот за семејства.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот