Божјо откровение на Илија
Драги браќа и сестри, како и секоја година така и оваа година радосно сме собрани околу трпезата на бесмртноста – околу Евхаристијата, славејќи го нашиот небесен заштитник, свети пророк Илија. Во ова размислување кое сакам да го споделам со вас ќе говорам за оној дел од животот на Илија кога Бог му се објави. Да се присетиме дека Илија е пророк на Стариот Завет. Тој живееше во историјата кога неговиот народ, всушност Божјиот народ поминуваше низ многу тешко време на криза и отпад и конечно само тој останал да ревнува за вистинскиот Бог против отпадот што започнал со безбожниот живот на царскиот двор. А како што и секогаш се случува во историјата: каде е власта таму е и законот, а каде е законот таму е и моќта и се случува често историјата да ја пишуваат моќниците. Кога читаме од еден агол може да се каже дека историјата е составена од падови и подеми на големите, моќните, богатите или од друга страна од светите луѓе. Така и Илија во својата борба е соочен со фактот дека останал сам наспроти сите и секого. Не е чудо што некогаш се чувствувал напуштен не само од луѓето, туку и од Бога. За напуштеноста на луѓето не треба докази, бидејќи се наоѓа во бегство за да го сочува својот живот. Токму тој живот на бегалец до таа мера му досадува што изговорува и драматична молитва: Земи ме Боже и мене, зашто не сум поинаков од другите… не чуди како Илија толку се уморил што дури се чувствува и отфрлен како и тие кои навистина го напуштиле Бога.
На Хорив, Божјата гора, се случува единствената средба помеѓу Бог и Илија. Многу е интересно како доаѓа Божјата порака и позив на средба. Било рано наутро, Илија се наоѓал на молитва во својата ќелија – пештера. Претходела страшна грмотевица, земјотрес со кој Бог ја открил својата моќ пред народот како во времето на сојузот со Мојсеј на истата гора. Да се потсетиме дека тогаш Бог проговорил во громот и молничавоста така што народот се преплашил. Но овој пат авторот вели дека Бог не се наоѓал ниту во потресот, ниту во грмењето. Се објавил во оган, да се потсетиме дека Бог првпат му се открил на Мојсеј во запалена грмушка. Но, овој пат Бог не бил во огнот. Светиот автор најверојатно би можел да раскажува за разни природни и натприродни појави, но сепак го завршува пишувањето дека ниту во една од тие појавувања не се објавил Бог. Загосподарила тишина и тоа мртва тишина, и наишол благ ветрец и Бог бил во Ветрецот. Илија паѓа на лице да се поклони, а така убаво е опишано како Божјата рака го покрила наИлија што Илија не го видел Бога, бидејќи беше невидлив, но го среќава во благиот ветрец. Да се потсетиме и на тоа дека тој плашт од Илија со кој се покрил одигрува голема улога и тогаш кога ја делеше реката Јордан, а и тогаш кога на Елисеј, својот наследник, му го предава посланието.
Сето ова што Светото Писмо толку убаво го опишува се прашуваме што тоа денес на нас во Радово ни порачува. Драги браќа и сестри, без да сакам да драматизирам, а посебно не денес, сепак е факт дека и ние во Европа живееме постхристијански времиња. Христијанството како темелна вредност во Европа полека исчезнува. Кога размислуваме за Илија и за неговиот конфликт со царскиот двор, можеме да ги споредиме времињата од неодамнешното минато, и ќе забележимме дека сите разголувања и обезвреднувања на христијанството започнале од моќниците на овој универзум. Тешко е, а да не се види како политичките, економските и другите моќници без исклучок се во служба на дехристијанизацијата. Нормално, тоа сега се нарекува со многу убави симпатични и нежни изрази, односно одвојување на Црквата од Државата од така нареченото лаицистичко општество, од агностицизмот, сепак да запреме кај набројувањето, дали не е вистина дека и во нашето опкружување се појавува модел на живот, како Бог да не постои. По цели денови, дури и поголеми временски периоди живееме, работиме, се трудиме, а на Бога и да не помислиме. Модерниот ваал исто така е жив и во нашето општество. Тоа е алчноста, материјализмот, тоа е култот на задоволство, кариера, успех и така натаму. Ние не зборуваме за фактот дека тие не можат да бидат оправдани со вредностите на животот, но начинот на кој се доаѓа до нив често се вистинско идолопоклонство и не заслужуваат и не доликува да бидат христијански. Што значи, кризата на христијанството не е дојдена сама однадвор, со прогонство, наметнување на идеологиите, туку е дојдена и со предавството на христијанските вредности кај нас самите и денес има Илии – верници кои често се наоѓаат и препознаваат како исклучок, како поединци кои ако сакаат навистина да живеат како христијани и тоа да го сведочат тие изгледаат како исклучоци од сите дури и против себе. Можеби тоа кај нас не е толку очигледно, но во земјите на запад и Америка тоа е факт. Затоа такви христијани како Илија паѓаат во малодушност и си посакуваат: Боже земи ме, ниту јас не сум поинаков/а од другите. И на тој начин сме во процес на бегство на лица како тоа претпочитува да го каже папата Фрањо на периферијата Зарем не е Црквата како заедница и во нашето општество потисната на периферијата, а се во име на слободата, демократијата, лаицизмот итн.
Што ни преостанува во мигот на кризата на Илија за која сме и ние сведоци? Не очекува средба со Бога. Ако сега се оживееме во оваа средба и Бог денес не се објавува како моќ, особено како моќ на власт, особено не на оружјето или на моќта да посредува особено на економските вредности, не, Бог се манифестира во тивката собраност на нашата совест. Со други зборови, нѐ повикува на корените, на изворот на нашиот христијански идентитет, а тоа на прво место е молитвата, ветрецот и тишината, не потсетува на делото на Светиот Дух што се манифестира само во тишината на срцето. Извор на силата на нашата обнова е средбата со Бога. Ние и денес треба да го сретнеме кога не се рефлектира во бурата, ниту во огнот, туку во малото парче леб и капки вино. Во тоа е и нашата сила да се спротивставиме на сите искушенија на идолопоклонството кон Исус Христос, кој дури деноноќно ни се открива во Евхаристијата. Да го замолиме пророкот Илија да нѐ поучи како да се однесуваме и да бидеме постојани во свето послание после препознавањето и средбата со Бога. Амин.