(Видео) Проекција на ѕидот на базиликата Свети Петар

Проектот наречен „Fiat Lux“ поставен е во соработка со Групата на Светската банка и неколку невладини и хуманитарни организации со цел да се раскаже „визуелна приказна за меѓусебната зависност на луѓето, животот на Земјата и планета“. Проекцијата е воспоставена во исто време кога во Париз се одржува Климатскиот самит или COP 21.

Отварањето на Годината на милосрдието кулминира на 8 декември вечерта на Плоштадот Свети Петар кога предниот дел на најголемата католичка базилика неколку часа се претвори во платно исполнето со убавините на Божјите созданија, но и со она што ги загрозуваат.

Организаторите објавија дека со ова сакаат да едуцираат и инспирираат „промени поврзани со климатската криза меѓу луѓето од различни генерации, култури, јазици, религии и класи“.

Исто така истакнато е дека „темите за климатските проемени, човечкото достоинство и живите битија“ кои се појавуваат во енцикликата на Папата „Laudato Ѕi“ се главна инспирација за оваа инсталација.

Проекцијата на едно место собра бројни познати и признати фотографи и режисери меѓу кои и Џоела Сарторе од списанието National Geographic.

Надбискупот Рино Физикела, претседател на Папскиот совет за нова евангелизација, рече дека намената на инсталацијата е да се „прикаже убавината на создаденото“.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот