Закрепнувањето на Папата продолжува во болницата Гемели во Рим по лапаротомијата и пластичната операција на абдоминалниот ѕид со протези, извршени на 7 јуни 2023 година. Во соопштението објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Папата „продолжува да јаде нормално“.
Постоперативното закрепнување на Светиот Отец напредува нормално, следејќи ги лекарските упатства“, се вели во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 12 јуни 2023 година, повикувајќи се на медицинскиот персонал кој го следи постоперативното закрепнување на Светиот Отец. Во соопштението се стои дека „папата Фрањо продолжува да се храни нормално. Утрово прими Светата Причест и потоа продолжи со својата работа“.
На 11 јуни, медицинскиот тим извести дека Папата „нема температура и дека е хемодинамички стабилен“, „подложен е на респираторна физиотерапија и продолжува да се „мобилизира“.
Утрото истиот ден, папата Фрањо ја следеше светата Литургијата во живо на телевизија и прими Света Причест, а потоа се посвети на молитва во малата капела на приватниот апартман на десетиот кат од болницата, каде што ја молеше молитвата Ангел Господов, духовно поврзувајќи се со верниците од целиот свет, како и со оние кои се собраа на плоштадот пред болницата „Гемели“. Папата исто така вчера ручаше заедно со лицата кои му помагаат во овие денови на хоспитализација (лекари, здравствени соработници, медицински сестри, асистенти и персоналот на жандармерискиот корпус).