Во среда навечер папата Фрањо имал покачена температура. Во четвртокот нормално закрепнувал. Во средата изрази близина на малите пациенти на оделот за детска онкологија и детска неврохирургија.
Продолжува закрепнувањето на папата Фрањо во поликлиниката Џемели, по операцијата направена во неделата на 4 јули. Прегледите на градниот кош и стомакот се негативни – извести директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни во соопштението, напоменувајќи дека Папата во средата поминал мирен ден и дека самостојно се храни и движи.
Попладнето ја изразил својата татковска близина на малите пациенти во блсикиот Оддел за детска онкологија и детска неврохирургија и им упати срдечни поздрави. Навечер имал покачена температура – додаде Бруни. Утрото е подложен на рутинските прегледи, микробиолошки, и CT снимање на градниот кош и стомакот кое било негативно. Светиот Отец продолжува со планираните терапии и земање храна на уста. Во овој посебен момент својот поглед го свртува кон оние кои трпат и ја изразува својата близина со болните посебно со оние на кои им е потребна нега – стои во соопштението на директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк