Во Ватикан е објавена програма за апостолската посета на папата Фрањо на Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус од 4 до 10 септември.
Прифаќајќи ја поканата на шефовите на државите и епископите Папата ќе го посети Мапуто во Мозамбик, Антананариво во Мадагаскар и Порт Луис во Маурициус.
Следниот ден во четврток на 5 септември, програмата на Папата започнува во 9.45 минути со куртоазната посета на претседателот на Мозамбик Филипе Ниусиј во претседателска палата Понта Вермелх, после тоа во 10.15 часот ќе се сретне со претставниците на политичкиот и општествениот живот и дипломатскиот кор.
Во 11.00 часот на програмата е екуменската средба со млади во Павилјонот Максахен. После ручекот во нунцијатурата во 16.15 минути следи средба со клерот, монасите и монахињите и богословите во катедралата Нашата Пресвета Богородица од Безгрешното Зачнување (Nossa Senhora da Conceicao). Во 17.25 часот е предвидена приватна посета на домот за деца од улицата „Матеј 25“.
Во петок на 6 септември папата Фрањо во 8.45 часот ќе ја посети болницата во Зимпето, а во 10.00 часот ќе го предводи литургиското славење на стадионот Зимпето. Прошталната свеченост на аеродрмот во Мапуто е во 12.25 часот.
На логото на патувањето на Папата во Мозамбик е географскиот преглед на таа земја, папата Фрањо и гулабот симболот на мирот. Овде се уште две раце кои симболизираат гостопримство со кое Мозамбик го дочекува Папата и пораката за „надеж, мир и помирување“ кои Папата ги донесува на народот во Мозамбик. Сето тоа е прикажано во петте бои на знамето на Мозамбик – зелената која е поврзана со надежта, црвената која го симболизира помирувањето, белата која го означува мирот, жолтата која го претставува Ватикан и црната боја.
Свеченоста за добредојде во аердромот во Антананариво во Мадагаскар е во 16.30 часот според локално време.
Во сабота на 7 септември куртоазната посета на Папата на претседателот Андри Расуелина во 9.30 часот е во претседателската палата Иаволоха. Во 10.15 часот започнува средбата со претставниците на политичкиот и граѓанскиот живот и дипломатскиот кор во „Ceremony Building“.
Молитвата Ангел Господов Папата Фрањо ќе ја предводи во манастирот на босоногите кармелиќанки. По ручекот во нунцијатурата следува средба со епископите од локалната Црква во катедралата Безгрешно зачнување (Andohalo) со почеток од 16 часот. Во 17.10 часот Папата ќе се помоли на гробот на блажена Викторија Расоаманариво, а потоа ќе го предводи бдеењето со младите на епископскиот простор Соамандракизај со почеток од 18.00 часот.
Во неделата на 8 септември Папата со почеток од 10.00 часот ќе го предводи литургиското славење на просторот Соамандракизај, а во 12.00 часот ќе ја предводи молитвата Ангел Господов. После ручекот во нунцијатурата во 15.10 часот ќе ја посети хуманитарната организација Акамасоа – Добриот пријател, кој во јануари 1990 година го основа словенечкиот мисионер лазарист Педро (Петер) Опека повеќе пати номиниран за Нобелова награда за мир. Во 16.00 часот следува молитва за работниците во работилницата Махацана и во 17.00 часот средба со свештениците, монасите и монахињите и богословите во Колегиумот Свети Михаел.
Мотото на посетата на Мадагаскар е „Сеач на мирот и надежта“. На логото земјата ја претставува палмолистичката билка Равинала односно „патувачкото дрво“ и дрвото баобаб. Покрај ликот на папата Фрањо се наоѓаат и слики од неколку светци, како сведоштво за земјата ученик на мисионерите и сведоци на верата сѐ до мачеништво.
Во понеделник на 9 септември Папата во 7.30 часот според локално време со авион ќе се упати во Порт Луис главниот град на Маурициус каде свечено ќе биде пречекан во 10.40 часот. Потоа Светиот Отец ќе го предводи литургиското славење со почеток од 12.15 минути кај споменикот Марија Царица на Мирот. После светата Литургија ќе руча со членовите на Епископската конференција на Индискиот океан (CEDOI) во епископски дом. Во 16.25 часот следува приватна посета во светилиштето Пере Лавал, на апостолот на Маурициус спиританецот блажен Јаков Десидериј Лавал. Во 16.55 часот следува куртоазна посета на претседателот во претседателската палата и во 17.15 часот средба со премиерот. Во 17.40 часот Папата ќе се сретне со претставници на политичкото и граѓанското општество и дипломатскиот кор. Во 18.45 часот следува проштална свеченост на аердромот Порт Луис, а Папата се враќа во Антананариво. Геслото на посетата на Папата на Маурициус е „Папата Фрањо – поклоник на мирот.“ Во позадината на логото се наоѓа знамето на африканска земја, а во прв план е прикажан Папата како го поздравува народот.
Во вторник на 10 септември папата Фрањо од главниот град на Мадагаскар во 9.00 часот според локално време ќе појде за Рим каде на аеродромот Чампино се очекува во 19.00 часот.
Ватикан њуз/к.мк