Присутноста на Воскреснатиот ги преобразува сите

Присутноста на воскреснатиот Исус ги преобразува сите: темнината е надвладеана од светлото, бескорисната работа станува повторно плодна и ветувачка, чувството на умор и напуштеност го отстапува местото на нов полет и сигурност дека Тој е со нас.

Со овие зборови Светиот Отец се обрати до верниците собрани на плоштадот Свети Петар, меѓутоа и до оние пред малите екрани, радио приемниците како и на сите луѓе со добра волја.

Во својот осврт на сцената од денешното евангелие, папата Фрањо рече дека станува збор за сцена од секојдневниот живот на Исусовите Ученици кои, после деновите на мака, смртта и воскресението Господово, се вратија на своите имоти и својот рибарски занает. Иако на Учениците им излгедаше дека е сè готово, еве го Исус повторно да „ги побара“ своите ученици. Цела ноќ ловеа риби и ништо не уловија. Мрежите се празни, на некој начин покажуваат, како исход на нивното искуство со Исус: го запознаа; оставија сè како би го следеле, полни со надеж… А сега? – се запраша Папата…

Исус застана наутро на брегот од езерото; меѓутоа тие не го препознаа. На тие уморни и разочарани рибари, Господ им вели: Фрлете ги мрежите на десната страна од коработ и ќе најдете. Учениците се понадеваа на Исус и резултатот беше обилен улов. Тогаш Иван се сврте кон Петар и рече: Господ е!. Петар веднаш скокна во водата и заплива кон Исус.

Во тој восклик: Господ е!, збиено е сето возбудување на воскресната вера, полни со радост и чудење и која е спротивна на збунетоста, неутешноста, чувства на беспомошност, насобрани во свеста на учениците. Присутноста на Воскреснатиот ги преобразува сите – објасни Папата.    

Оттогаш, тие исти чувства ја оживуваат Црквата, Заедницата на Воскреснатиот. Ако понекогаш и се причини дека темнината на злото и уморот од секојдневниот живот, надвладеваат; Црквата со сигурност знае, дека над оние кои го следат Исус, сега сјае светлото на Воскресението кое повеќе не заоѓа. Големата порака на воскресението во срцата на верниците втиснува длабока радост и непобедлива надеж – рече папата Фрањо.

Христос навистина воскресна! – И денес Црквата настојува на светот да му ја пренесе свечената најава: радоста и надежта и понатаму струјата во срцата, видлива е на лицата, во гестовите и зборовите. Сите ние христијаните, сме повикани да ја соопштуваме оваа порака на воскресението, на оние кои ги среќаваме; најмногу на оние кои страдаат; кои се сами и живеат во несигурност, на болните и маргинализираните – рече Светиот Отец.

Тој, Господ, нека во нас ја обнови воскресната вера. Нека нè прави се посовесни за нашата мисија во служба на Евангелието и браќата; нека нè исполни со Својот Свет Дух, подржани од застапувањето на Марија, со целата Црква да можеме да ја пренесуваме големината на Неговата љубов и богатството на Неговото милосрдие – посака Светиот Отец.

После молитвата Царице на Небото, Папата – со надеж во воскреснатиот Христос – го обнови својот апел за ослободување на сите заложници во зоните на вооружени судири; а посебно се сети на салезијанскиот свештеник Тома Узхунхалил, киднапиран на 4 март во Јемен. Потсетувајќи потоа на денешната прослава на националниот Ден на Католичкиот универзитет Пресвето Срце, посака тој Универзитет со обновено предание да ја продолжи својата образовна мисија, прилагодувајќи ја се повеќе на барањата на денешницата. Поздравувајќи ги ходочасниците од Италија и светот, папата ги спомна и ги пофали пејачките хорови кои претходните денови ја возвеличија литургијата во базиликата Свети Петар. На крајот Папата им посака на сите добра недела, препорачувајќи се во молитвите.

РВ/С.С.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот