Пораката на Папата за Великиот пост 2022 година ќе биде претставена во Канцеларијата за печат на Светиот Престол во четврток, 24 февруари.
Темата на овогодинешната порака е „Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, не заморувајќи се. 10. И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите“ (Галатјаните 6,9-10а).
Пораката ќе биде претставена од с. Алесандра Смерили, ФМА, привремена секретарка на Дикастеријата за целосен човечки развој, кардинал Франческо Монтенегро, надбискуп од Агриџенто во мирување и член на Дикастеријата за целосен човечки развој и Дон Масимо Мостиоли од бискупијата Павија кој работи во пасторалот со Ромите.
Презентацијата е закажана во 11.30 часот.
Ватикан њуз/к.мк