Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи 22 декември 2023 година ќе одржи свечен предновогодишен прием за црквите, верските заедници и религиозните групи во Македонската филхармонија со почеток во 18.00 часот.
На настанот ќе се обратат македонскиот претседател Н.Е. г-дин Стево Пендаровски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници г-дин Даријан Сотировски, кој ќе го додели и признанието Вељо Манчевски за 2023 година.
Признанието Вељо Манчевски се доделува како највисоко годишно признание за особен придонес на правни и физички лица кои со својот ангажман, активност и труд, трајно се вградиле во развојот и продлабочувањето на различни значајни сегменти во верската сфера во државата. Истото го носи името на Првиот верски референт на Македонија од 1943 година, асномецот Вељо Манчевски.
к.мк/ковзрг