Папата служеше Литургија во римскиот затвор Регина Цели

Папата служеше Литургија во римскиот затвор Регина Цели

На 29 март, Велики четврток, во 16.00 часот папата Фрањо служеше Литургија за Тајната вечера во римскиот затвор, „Регина Цели“.

За време на обредот ги изми нозете на 12 затвореници од различни националности и религии: 4 Италијанци, 2 Филипинци, 2 Мароканци, 1 Молдавиец, 1 Колумбиец, 1 Нигериец и еден од Сиера Леоне. Од нив, осум се католици, еден православен, еден будист и двајца муслимани. Тоа е израз на мултиетничко присуство во историскиот римски затвор, каде што 60-65% од затворениците се млади странци од 60 различни националности.

„Во минатото нозете ги миеле слугите“, рече Папата во својата импровизирана проповед. Тогаш немало асфалт, туку прашливи патишта, и луѓето си ги валкале нозете и кога влегувале во куќата, слугите им ги миеле нозете. Само слугите го правеле тоа. Исус го бара од нас тоа служење, и ни даде пример за тоа како треба да си служиме еден на друг.

Еднаш одејќи по патот двајца од учениците кои сакале да прават кариера, побарале од Исус да заземат важни места, едниот оддесно, а другиот одлево, а Тој со љубов им рекол: „Вие не знаете што барате.“ Кнезовите народни, вели Исус господарат, се опслужувани… да се потсетиме на епохата на суровите цареви и императори, кои биле опслужувани од слуги, но меѓу вас да не биде така. Кој командува, треба да служи. Вашиот началник треба да служи. Исус ја превртува истриската и културната навика на една епоха и денес: оној кој командува треба да биде добар раководител, на секое место, но треба да служи. Многу пати размислувам за историјата: ако царевите, императорите и државните раководители го сфатиле тоа учење на Исус, и наместо да бидат сурови и да го убиваат народот, колку војни би можеле да бидат избегнати.

Исто така има страдалници и отфрлени од општеството, но Исус им вели: „Ти си важен за мене.“ Исус доаѓа, за да ни служи, а знакот кој денес ни треба тука во „Регина Цели“ е дека избрал дванаесет од вас, како дванаесетте апостоли, за да им ги измие нозете. Исус ризикува за секој од нас. Не се нарекува Понтиј Пилат и не ги мие рацете. Тој ризикува. Замислете Исус, кој ризикува да дојде до мене, грешникот, за да ми каже дека ме сака. Тоа е служење. Тоа е Исус. Никогаш не нè напушта и неуморно ни простува. Исус толку многу нѐ сака што ризикува за нас.

Посетата на Папата беше од приватен карактер, само за лишените од слобода и затворскиот персонал. На крајот од Литургијата, до папата Фрањо се обрати директорот на затворот Силвано Серџи и еден затвореник.

Во обраќањето до раководството на затворот, Папата поттикна да се поддржува жива надежта за нов живот:

„Во една затворска структура, како ова треба да има надеж. Затворениците се тука за да научат да сеат надеж. Не може да има праведна пресуда ако не е отворена за надежта – истакна папата Фрањо. Затоа смртната казна не е ниту христијанско, ниту човечко. Секоја казна треба да биде насочена кон враќање во општетсвото, исто така и да биде пример за другите луѓе. Ви посакувам вода на воскресението, нов поглед и надеж“, заврши Папата.

По литургијата, папата Фрањо се сретна со болни затвореници и со некои лишени од слобода. Тој ја посети и амбулантата и делот VIII каде што се наоѓаат луѓе извршиле специјални кривични дела и им треба заштита од можна агресија.

Фрањо е четвртиот Папа кој го посетува затврот „Регина Цели“, после Иван XXIII во 1958 година, Павле VI во 1964 година и Иван Павле II, кој ја посети затворската структура во 2000 година. За време на неговиот петгодишен понтификат, папата Фрањо го посети и затворот за малолетници во Казал дел Мармо во 2013 година и затворот Ребибија во 2015 година. Минатата година, Фрањо ја посети куќата за лишени од слобода во Палијано, Фрозиноне.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот