Во недела, на 9 јуни 2019 година, во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала со свечена Света Литургија беше прославена Првата Света Причест, предводена од парохот о. Спасо Ристов.
Со процесија од црковната сала до Црквата со набожни песни започна свечената Света Литургија на која присуствуаа голем број верници, споделувајќи ја радоста со првопричесниците.
На крајот од Светата Литургија парохот им се заблагодари на чесните сестри кои со својот труд и неизмеранта љубов која ја вложиле за да се прослави овој возвеличен ден.
По Светата Литургија следуваше доделување на спомен – одароци за првопричесниците, а потоа следуваше рецитал и мала изведба со песни од страна на првопричесниците.
На крајот следуваше заедничко агапе во парохиската сала.
к.мк