Прва причест во Нова Маала

Нова Маала, 3.6.2013 /к.мк/ – Во парохијата Успение на Пресета Богородица – Нова Маала, во недела 2 јуни, шест деца од парохијата примија Прва света Причест. На овој голем настан од нивниот живот претходеше подготовка на децата за Првата света Причест во текот на целата година, а во месец мај подготовката за Првата Причест имаше секој ден. Покрај првопричесниците веронаука во текот на учебната година посетуваа сите деца од прво до осмо одделние, а беа опфатени и младите од парохијата.

За време на Литургијата во својата проповед парохот о. Спасо Ристов го предложи Доменик Савио да биде пример во животот на децата.

Во саботата 1 јуни, покрај децата кои се подготвуваа за Прва света Причест можност за света Исповед имаа и родителите, пријателите и сите оние кои сакаа да се соединат со Христос преку Светата Причест на овој голем ден за парохијата. Свеченоста заврши со благодарност на децата до нивните вероучители и родители.

Во месец мај, кој е посветен на Пресвета Богородица во парохиската црква во Нова Маала се молеше молебен до Пресвета Богородица.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<