На ден кога Црквата го слави празникот свети Стефан, првомаченик, потребно е да се сетиме на многу големиот број луѓе кои поради својата христијанска вера и денес се прогонувани во различни делови на светотДенес Црквата го слави празникот светиот Стефан, чие мачеништво е опишано во Дела на светите Апостоли. Тој е каменуван на 36 години и убиен затоа што ја сведочел својата вера во Христос, го ширел Евангелието и обраќал луѓе. Стефан бил прв маченик, но дури и денес има жени и мажи кои од љубов кон Исус го положуваат својот живот, избирајќи го исповедувањето на Христос и покрај препреките.
„World Watch List 2019“
Прогонот се одликува на различни начини, со насилство, стигматизација, вандализам, нетолеранција и исклучување. Според податоците изнесени во “World Watch List 2019”, годишниот извештај за прогонство на христијаните кој го објавила организацијата “Open Doors”, со седиште во Соединетите Американски Држави, во светот се прогонети околу 245 милиони христијани. Во тој извештај е опфатен периодот од ноември 2017 до октомври 2018 година, додека на 18 јануари следната година организацијата „Open Doors“ ќе објави нов извештај.
Во повеќе од 60 земји во светот споменатата организација на прогонетите христијани им овозможува формација и помош. Кристијан Нани, управител на италијанскиот огранок на организацијата “Open Doors “, во разговор за Ватикан њуз рече дека претпоставува дека податоците за прогонство на христијаните во текот на оваа година, чиј крај се ближи, ќе покажат поголема раширеност, како и поголем број и интензитет на прогонство. Потребно е да се говори за тоа и да се поттикнат луѓето на размислување зашто денес илјадници луѓе умираат заради својата вера – рече Нани.
Ден на молитва во Германија
Меѓу многуте иницијативи, со кои во светот е обележан празникот на свети Стефан, е и онаа на Германската бискупска конференција која слави “Ден на молитва за прогонетите и угнетувани христијани”. Така, Црквата во Германија на светите Литургии ги споменува браќата и сестрите, жртви на исклучувањето и угнетувањето во многу делови на светот. Со таа иницијатива, исто така, сака да се изрази нивното заложување за слобода за вероисповед на сите луѓе.
Денот на молитва кој се одржа вчера е дел од иницијативата “Солидарност со прогонетите и угнетувани христијани во нашето време”, со која германските бискупи сакаат да ги освестат верниците за дискриминацијата и насилството кои и денес христијаните ги трпат во многу делови на светот.
Ватикан њуз/к.мк