Почина суботичкиот бискуп Славко Вечерин

Почина суботичкиот бискуп Славко Вечерин

Суботичкиот епископ монс. Славко Вечерин почина во вечерните часови во петок 26 август 2022 година во Домот за сместување на возрасни и стари лица на Зрењанинската бискупија „Misericordia“ во Кикиндa, стои во соопштението од Суботичката бискупија.

Епископот Славко Вечерин на 3 август претрпе благ мозочен удар и после прегледот е пуштен на домашно лекување.

Папата Фрањо го именува на 8 септември 2020 година монс. Славко Вечерин за суботички бискуп. Бискупското ракополагање го прими од рацете на епископот Ладислав Немет во катедралата „Света Тереза Авилска“ во Суботица, на споменденот на свети Никола Тавелиќ 14 ноември 2020 година.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот