Почина монс. Јозеф Миоч

Почина монс. Јозеф Миоч

Во утринските часови во среда 24 мај 2023 година, во болницата во Суботица, на 82 годишна возраст почина монс. м-р Јозеф Миоч, папскиот прелат и титуларен игумен, ректор на семинаријата Паулинум и директор на бискупската класична гимназија Паулинум – Суботица.

Телото на починатиот ќе биде изложено во сабота на 27 мај во парохиската црква Свети Јуре во Кула – Србија во 9.00 часот, а во 11.00 часот ќе се служи заупкоена светата Литургија, по што следува погребниот обред на католичките гробишта во Кула.

Ден претходно, на 26 мај во 17.30 часот во катедралата Света Тереза од Авила во Суботица ќе се служи света Литургија за покојниот Јозеф Миоч.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот