Личниот лекар на папата Фрањо Фабрицио Сокорси почина во саботата, 9 јануари 2021 година, од компликации поврзани со коронавирусот.
Весникот Л’Осерваторе Романо објави дека 78-годишниот лекар починал во Римската болница Џемели, објави Католичката новинска агенција.
Папата Фрањо го назначи Сокорси за свој личен лекар во 2015 година, кој редовно го придружуваше Светиот Отец на неговите меѓународни патувања. За време на посетата на Фатима, во мај 2017 година папата Фрањо за ќерката на лекарот, која беше тешко болна и почина следниот месец, положи два букети бели рози пред статуата на Пресвета Богородица.
Сокорси работел на римскиот Универзитет Ла Сапиенца, каде што предавал, а посебно бил специјализиран за хепатологија, дигестивен систем и имунологија, и бил член на Советот на медицински експерти во Конгрегацијата за прогласување на светците
Ватикан њуз/к.мк