Почесниот Папа го прослави својот 90 роденден

Почесниот Папа го прослави својот 90 роденден

Почесниот папа Бенедикт XVI на 17 април 2017 година го прослави 90. роденден во градината на својата резиденција, во манастиртот Mater Ecclesia.

На прославата присустуваше и мала делегација од Баварија меѓу кои 30 припадници на баварските историски сили т.н. „Gebirgschützen“, а освен тоа присуствуваше и премиерот на Баварија Хорст Сехофер како и братот на почесниот папа, монс. Георг Рацинегер. По поздравниот говор од баварските сили, славеникот кратко се обрати на присутните.

Тој истакна дека срцето му е исполнето со благодарност за 90. години кои драгиот Бог му ги подарил. Имало искушенија и тешки времиња, но Тој во сè секогаш ме водеше понатаму, ме извлекуваше, да можам да продолжам да одам напред – рече почесниот Папа. Тој изрази благодарност и на луѓето кои дојдоа од Баварија и така му го направија присутен родениот крај. Баварија е прекрасна од денот на создавањето – рече Бенедикт XVI – а убава ја прават црковните кули, куќите со балкони и цвеќето, луѓето кои се добри. Таа е убава затоа што таму се знае за Бог и исто така се знае дека Тој го создал светот.

Срдечно ви благодарам – продолжи славеникот – за сегашноста на Баварија, која ми ја пренесувате, Баварија која е отворена за светот, жива, радосна, но која е таква токму затоа што е вкоренета во верата. Почесниот Папа потоа на присутните им посака изобилен Божји благослов и ги замоли неговите поздрави да ги пренесат во родниот крај.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот