Почесниот папа Бенедикт XVI напиша критика за папата Фрањо! А кој ја нарача?

Бенедикт XVI напиша исцрпна критика за минатогодишниот разговор кој папата Фрањо го даде за списанието Civilta Cattolica, а тоа го направи по барање на самиот папа Фрањо, изјави архиепископот Георг Генсвајн во разговор за германската телевизија ЗДФ.

Архиепископот, инаку префект на Папската куќа, а воедно и личен секретар на почесниот папа Бенедикт XVI, ова го откри во една емисија, која во Германија е емитувана по повод една година од понтификатот на Папата. Според Генсвајн, почесниот папа на тој разговор му посвети четири страници критика. Тоа го направи откако главниот уредник на Civilte Cattolice, о. Антонио Спадаро го даде на Папата примерокот од разговорот, а овој го проследи до почесниот папа и од него побара критички да ги анализира изјавите дадени во разговорот. Да се потсетиме, во тој разговор папата Фрањо даде некои изјави за кои се расправа во Црквата, на пример дека не треба да се „инсистира на прашања поврзани само со абортусот, хомосекусалните бракови и употреба на контрацепциски методи“.

Архиепископот Генсвајн не сакаше да каже што поточно критизираше почесниот папа кај својот наследник, но рече дека текстот на Бенедикт XVI е многу интересен. Папата Фрањо го прочита внимателно и според зборовите на својот секретар, критиката на Бенедикт XVI сериозно ја сфати и некои од тие заклучоци ги прифати во својата пасторална работа.

Битно нет/го*ко

 

Категорија: Ватикан

За авторот