Потребно е да ја прочистиме Црквата, започнувајќи од нас

Потребно е да ја прочистиме Црквата, започнувајќи од нас

Потребно е да се гради, чува и прочистува Црквата – истакна папата Фрањо за време на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на празникот Посветување на Латеранската базилика, која е позната и како „глава и мајка на сите цркви“.

Светиот Отец истакна дека насловот не е причина за гордост, туку за служење и љубов.

Прво, потребно е да се гради Црквата, но што е темелот на Црквата? – праша папата Фрањо и одговори: Исус Христос. Тој истакна дека Исус Христос е аголен камен на Црквата, и без Него нема Црква. Ако градите црква без темели, што ќе се случи? Ќе се сруши, сѐ ќе се сруши. Ако го нема живиот Исус Христос во Црквата, ќе се сруши – предупреди Светиот Отец. А што сме ние? – продолжи Папата. Ние сме живите камења, но не сме исти, туку различни, бидејќи тоа е богатството на Црквата. Секој од нас гради во согласност со дарот кој Бог му го дава. Не можеме Црквата да ја сметаме за еднолична, затоа што тоа не е Црквата.

Потоа треба да ја „чуваме Црквата“, притоа свесни за Духот Божји Кој престојува во нас. Колку христијани денес знаат кој е Исус Христос, кој е Отецот затоа што молат Оче наш? – праша папата Фрањо. Но кога зборуваш за Светиот Дух, тогаш велат „дека тој е голуб…“, само тоа и ништо друго. Но, Духот Свети е животот на Црквата, твојот живот, мојот живот. Храм сме на Светиот Дух и мораме да го негуваме Духот, и тоа до таа мерка што Павле ги советува христијаните да не го „натажуваат Светиот Дух“, односно да не се однесуваме спротивно од хармонијата која Светиот Дух ја создава во нас и во Црквата. Тој е хармонија, Тој создава хармонија во ова зграда – рече Папата.

Конечно повикани сме да ја прочистуваме Црквата, започнувајќи од нас самите. Сите сме грешници, сите – истакна Светиот Отец. Ако некој од вас не е грешник, нека дигне рака, бидејќи тоа би било интересно. Сите сме ние грешници и од таа причина мораме постојано да ја прочистуваме, а исто така и заедницата: бискупската заедница, христијанската заедница, заедницата на општата Црква. На тој начин Црквата може да расте – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот